Димитров: Доколку Македонија се чувствува уценето, процесот ќе биде покомплициран
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2017
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во Топ тема на Телма изјави дека aко Македонија се чувствува уценето, тогаш процесот ќе биде покомплициран.
Тој вели дека црвените линии околу името се сигнал дека нема да има флексибилност, ако тие јавно се соопштени.
Вели дека целта на преговорите е да се заштитат националните интереси, а да се најде решение.
„Покорисни се суптилните сигнали. Еден важен сигнал е дека индентитетските прашања треба да се извлечат“ - вели Димитров.
Според него, многу е важно домашните реформи да ги завршиме темелно.
Тој рече дека одговорноста е на политиката, но и на сите граѓани и дека за името би се одлучувало на референдум.