29 Март, 2024
0.0257

Димитров: Ние не можеме да ја смениме историјата

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот  за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, вчера во интервју за емисијата Панорама, емитувано на бугарската телевизија БНТ1, истакна дека Македонија и Бугарија не може да ја сменат историјата, но можат заеднички да работат за подобра иднина.

„Ние не можеме да ја смениме историјата. Таа е важна. Сите сме горди. Можеме да работиме заедно за да имаме поубава иднина“, рече Димитров.

Шефот на македонската дипломатија смета дека најважно е за историјата да разговараат историчарите, а работата на политичкото раководство е поврзано со сегашноста и иднината.

Во врска со спорот со Грција за името напомена дека Македонија прави се што е во нејзина моќ за да се постигне решение.

„Македонците имаат надеж дека и тие имаат волја за тоа. Не е лесно, решението е тешко, а проблемот е стар, колку што е стара нашата независност. И покрај тоа по излегувањето од кризата Македонците имаат чувство дека имаат шанса“, рече Димитров и изрази благодарност кон Бугарија за враќањето на Европа во балканскиот регион.

Тој појасни дека има две цели во процесот на барање решение за името.

Едната е да има јасна разлика меѓу државата Македонија и регионот во Грција. Втората е тоа да се направи на достоинствен начин. Македонците се подготвени да прифатат географска одредница, вели шефот на македонската дипломатија.

Димитров додава дека во процесот за решавање на спорот за името во моментов се води борба меѓу силите на иднината и силите на минатото.

Шефот на македонската дипломатија зборуваше и за договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија,  кој го определи како напредок и раст во односите меѓу двете земји.

„Време е да и покажеме на Европа дека можеме да ги решаваме проблемите како Европејци, да ги отвориме вратите и да станеме поблиски“, порача македонскиот министер за надворешни работи.

Посочи дека првите резултати од Договорот се веќе видливи, појаснувајќи дека се забележува раст на трговијата, туризмот, а исто така и се интензивираат разговорите за Коридорот 8 и за железничката линија Софија-Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење