Димитров, Османи и Прибе на работен појадок во МНР
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2017
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска во Министерството за надворешни работи ќе имаат работен појадок со експертот на Европската унија Рајнхард Прибе.
Oва го соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР).
Како што беше најавено од еврокомесарот Јоханес Хан, Прибе доаѓа во Македонија со цел да помогне во спроведувањето на реформите поврзани со Итните реформски приоритети.
Хан најави дека покрај Прибе доаѓаат и други експерти кои ќе се вклучат во тимот за спроведување на реформите.