24 Април, 2024
0.0279

ДИМИТРОВ ЗА ИМЕТО: Поставена е сцената, процесот е отпочнат

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

По подолга пауза од три години имавме прва средба на преговарачите со медијаторот Нимиц, следната средба е договoрено да биде по празниците во јануари така што не би требало да се очекува некакво посебно случување во периодот на празниците, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто кој се наоѓа во посета на Македонија.

„Поставена е сцената, процесот е отпочнат, динамиката е воспоставена, меѓутоа нема ништо поново да се случи додека траат празниците“- вели Димитров.

Министерот Сијарто ја поздрави силната посветеност на Владата на Македонија за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската и евро-атлантската интеграција на земјата. Тој воедно го реафирмира ставот дека Унгарија останува силен поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО.

Воедно, беа разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на заемниот интерес за интензивирање на економската соработката. Подготвеноста на двете страни за јакнење на меѓусебната соработка, беше реафирмирана и со потпишувањето на Акциски план за соработка за 2018 година. Акцискиот план потпишан помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, предвидува конкретни активности за натамошно продлабочување на соработката меѓу Министерствата на двете земји. Димитров и Сијарто разменија мислења за состојбите поврзани со миграцијата како и за други поважни регионални и меѓународни прашања.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП