Димовски: Недостига силна острица кон новата неспособна власт
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2018
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во Само вистина на Канал 5 изјави дека недостига силна острица кон новата неспособна власт.
За новиот лидер, Христијан Мицкоски вели дека ќе има големи предизвици.
Димовски рече дека СДСМ води лоша политика, а министерствата ги тресат скандали.
„Тврдењата дека СДСМ сакаат да градат едно општество се флоскули за еднократна употреба“ - рече Димовски.
За СДСМ вели дека со омраза гледаат кон ВМРО-ДПМНЕ.