29 Март, 2024
0.0297

ОБНОВЕНО: Власта и опозицијата во клинч, што се случува со земјоделските субвенции?!?

Објавено во: Агробизнис 13 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Ако Буџетот за 2013 година не се донесе до крајот на месецов, исплата на земјоделските субвенции ќе биде сериозно загрозена или речиси невозможна, изјави денеска ресорниот министер Љупчо Димовски. Во ваков случај, додаде министерот, би се применувале други критериуми за исплата на обврските кои ги има државата. - Доколку не се усвои Буџетот до крајот на годината, ќе имаме голем проблем и ние и земјоделците зашто средствата за поддршка се предвидени, а договрена е и динамиката за нивна исплата по мерки така како што побараа земјоделците. Ако некој е навистина загрижен за земјоделците, наместо да расправа и теоретизира, треба конкретно да овозможи услови за донесување на Буџетот за во следниот период да може, без никакви проблеми да се исплаќаат субвенциите, рече Димовски, одговорајќи на новинарско прашање по денешната 37. средба „Факултет-Стопанство“ на Факултетот за земјоделски науки и храна. Тој потсети дека во соработка со науката и сите легитимни претставници на сите форми на здружување на земјоделците во Македонија, првпат е донесена пет годишна програма за поддршка што практично претставува стратегија за земјоделството од 2013 до 2017 година. Вое неа се дефинирани сите мерки, како и роковите за реализирање на субвенциите согласно барањата на производителите. И Асоцијацијата на земјоделци апелира пратениците да го донесат Буџетот за 2013. - Ги повикуваме пратениците да се надминат себе си, да заборават на партиските пресметки, препукувања и надмудрувања, да го донесат Буџетот за да не дозволат застој во исплатата на субвенциите, нивните зборови да не бидат само празни политички ветувања, туку реалност. Со недонесувањето на Буџетот се доведува во прашање исплатата на субвенциите, а со тоа можноста производителите навреме да дојдат до дел од потребните средства за производство, изјави претседателот на Асоцијацијата Ефтим Шаклев. За земјоделството во 2013 година се предвидени вкупно 135 милиони евра субвенции. Реакција на опозицијата на изјавата на Министерот

Носењето на буџетот за 2013 година нема никаква врска со исплатата на субвенциите за 2012година кои ги чекаат земјоделците. Овие пари беа предвидени во буџетот за оваа година кој редовно беше донесен. Вистинското прашање на кое треба да одговори Владата е каде ги потроши 130 те милиони евра народни пари предвидени за поддршка на земјоделство за 2012 година, стои во писмената реакција на здружениот опозициски фронт.

Оттаму појаснуваат дека со сега веќе требало да бидат исплатени, лозарите, градинарите, производителите на жито и сите сточари бидејчи годината завршува , а ниту еден земјоделец и агробизнисмен нема земено денар субвенција за 2012 година. „Наместо Владата неосновано да ја напаѓа опозицијата, таа треба да одговара за уништувањето на домашното производство на храна“, стои во реакцијата.    
 

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи