19 Април, 2024
0.0491

Акционери на Машинопромет заработија кривични пријави за деловни измами

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против П.П. (49) и Г.П. (47) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Во периодот од 2014 до 2017 година П.П., како член на управен одбор, заедно со Г.П., во својство на акционери во Машинопромет АД Скопје, изготвувале невистинити менаџерски договори на високи парични износи. 

Севкупната архивска документација на правното лице Машинопромет АД Скопје од траен и времен карактер, печати и штембили и друга деловна документација, иако биле должни по завршување на нивните својства во органите на управување на Машинопромет АД Скопје, да ги предадат на новите органи на управување, истите ги изнеле од просториите на Машинопромет АД Скопје и ги одложиле на две локации во Скопје. 

После тоа продолжиле да изготвуваат исправи со невистинита содржина кои ги архивирале во деловодните книги. Вака фалсификуваните деловни документи ги пуштале во правен промет со цел да остварат противправна имотна корист за себе. 

Исто така, во февруари 2016 година, со невистинита документација изготвена на истиот начин, пријавените пред Основен суд Скопје II, поднеле предлог за поведување стечајна постапка над Машинопромет АД Скопје, невистинито прикажувајки дека наведеното правно лице е должник на правно лице Дион-Ра ДООЕЛ Скопје, кое е во нивна сопственост, со побарување на износ од 32.944.361 денари.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите