Отказ за директорот на грчката државна телевизија, промовирал турски серии!
Објавено во: Балкан 14 Декември, 2012
Документарен филм за турските серии e причина за отказ од функцијата генералниот директор на грчката државна телевизија ЕРТ. Информацијата ја објави турскиот приватен телевизиски канал НТВ, од каде се соопштува дека Костас Спиропулос е отстранет од функцијата поради поддршката за документарниот филм што „пропагира“ турски серии.
Режисерот на документарниот филм Жури Авероф се прашува како е можно некој што го нема гледано филмот да има мислење за него. „ЕРТ си најде причина да го избрка Спиропулос“, истакна режисерот. Во документарниот филм „Судбина“ се објаснува како благодарение на турските серии е променет моделот на муслиманската жена во светот и бил создаден профил на современа жена.