25 Април, 2024
0.0279

ДИРЕКТОРОТ НА СИЗ МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ - „АМЕРИТ“ Е ИЗБРАН ЗА ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА ТОВАРЕН ТРАНСПОРТ НА ИРУ

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Емил Милев, директорот на СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, е избран за заменикпретседател на Советот за товарен транспорт на Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ.

На генералното собрание на оваа најголема транспортна асоцијација во светот со седиште во Женева, Милев е назначен на висока позиција во едно од најзначајните тела на ИРУ, со што на АМЕРИТ како и на Република Македонија им се оддава високо признание и почит за досегашното активно учество во работењето на разните комитети и совети на ИРУ, како и за заедничката организација на АМЕРИТ и ИРУ на неколку транспортни работилници и конференции во нашата земја и во регионот.

Првиот човек на АМЕРИТ, г. Емил Милев има долгогодишно работно искуство во Царинската управа на Република Македонија, и тоа на повеќе различни позиции, а  имаше свој ангажман и во СЕКИ Центарот во Букурешт - Романија, како офицер за врски на Република Македонија.

-Изборот за заменик - претседател на Советот за товарен транспорт на ИРУ, претставува огромна чест и за мене, но и за АМЕРИТ. Ќе дадам сè од себе да ги оправдам изборот и довербата што ми се укажани и можам да ветам дека со својот ангажман во извршувањето на оваа функција ќе дадам силен придонес во свое и во име на АМЕРИТ за унапредување на вредностите на ИРУ. Истовремено, АМЕРИТ ќе продолжи да придонесува во работата на ИРУ со спроведување на важни проекти во Република Македонија, неопходни за подобрување на транспортната индустрија кај нас, во регионот и пошироко во светот  – истакна г. Милев.

На состанокот во Женева, членовите на ИРУ едногласно повторно го избраа Кристијан Лабро за претседател на Меѓународната унија за патен транспорт ИРУ, за втор двегодишен мандат, до крајот на 2019 година. Генералното собрание на ИРУ, советите за транспорт и за патнички сообраќај, како и состаноците на другите работни тела и органи на ИРУ се одржаа  во Женева кон крајот на минатата недела, а освен Лабро реизбран беше и Раду Динеску од Романија за претседател на Советот за стоков транспорт, а Џо Салс беше избран за претседател на Советот за патнички транспорт на ИРУ. Претседателите на овие совети се исто така потпретседатели на ИРУ. 

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет