25 Април, 2024
0.0450

ДНЕВНО ЌЕ ИМААТ ПО 8000 ГОСТИ: Балкански град го ограничува бројот на туристи

Објавено во: Балкан 13 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Хрватскиот град Дубровник ќе го намали бројот на туристи што ќе можат да влезат во стариот дел од градот, открил градоначалникот Мато Франковиќ, за британски Телеграф.

„Не сум тука за да ги развеселувам луѓето, туку да го направам квалитетот на живот во градот што подобар. Некои сопственици на крузери нема да се согласат со мене, но мојата главна цел е престојот на туристите во Дубровник да го направам што поквалитетен. Тоа, меѓутоа, нема да се случи доколку состојбата продолжи да биде таква каква што е сега“- вели Франковиќ.

Новото ограничување следува по препораките на УНЕСКО, и наместо 12.000 посетители, отсега стариот дел ќе може да го посетат само 8.000 посетители дневно.

Ограничувањето ќе трае две години и се однесува и на бројот на туристи кои доаѓаат во градот со крузери.

Градоначалникот  рекол дека во следните години ќе изгубат милиони, но убеден е дека во иднина ќе заработат уште повеќе.

„Заслужуваме да бидеме топ туристичка дестинација“- вели градоначалникот.

Тој не сака Дубровник да ја доживее судбината на Венеција и на Барселона, каде масовниот туризам има такви размери што веќе ги доведува инфраструктурата и културното наследство во опасност, а граѓаните протестираат против туристите. 

Во 2014 година во Дубровник пристигнале 463 крузери, во 2015 година  475, а во 2016 година  529 крузери со кои дошле 799.916 туристи.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)