20 Април, 2024
0.0268

До 2030 година се очекува луѓето да живеат повеќе од 90 години

Објавено во: Свет 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Очекуваната должината на животот ќе продолжи да се зголемува до 2030 година, и ќе надмине 90 години за жените во некои земји, меѓу кои Јужна Кореја, Франција и Јапонија, покажуваат резултатите од истражувањето, цитирани од Ројтерс и Франс прес.

„До неодамна голем број научници сметаа дека должината на животот никогаш нема да надмине 90 години“, потсетува шефот на истражувањето Маџид Езати од Импириал колеџот во Лондон.

Кога користеа 21 математички модели за да ја претскажат еволуцијата на должината на животот во 35 развиени земји, авторите на студијата, заклучија дека јужнокорејќите најверојатно ќе ја надминуваат границата од очекуваниот 90-годишен животен век до 2030 година.

Времетраењето на животот за јужнокорејското дете родено во 2030 година, би требало да достигне 90,8 години, додека она на француските и јапонските деца ќе е соодветно 88,6 и 88,4 години. Еволуцијата би требало да е слична на мажите, како разликите меѓу двата пола се очекува да се намалат до 2030 година, забележуваат научниците. Времетраењето на животот на јужнокорејските мажи исто така би требало да е најголемо - 84,1 години, проследено со мажите во Австралија и Швајцарија - 84 години. 

Според податоците објавени минатата година од страна на Светската здравствена организација, трите земји со најголем животен век во 2015 година биле Јапонија (86,8 години), Сингапур (86,1 години) и Шпанија (85,5 години) за жените и Швајцарија (81,3 години), Исланд (81,2 години) и Австралија (80,9 години) за мажите.

Ситуацијата во САД нема да се подобри значително до 2030 година, каде што должината на животот е помала во споредба со онаа во повеќето развиени земји. Таа би требало да порасне од 81,2 години во 2010 година на 83,3 години во 2030 година за жените и од 76,5 години во 2010 година на 79,5 години во 2030 година за мажите, т.е. . податоците се слични на оние во Хрватска и Мексико. Како причина за тоа, научниците ги истакнуваат нееднаквостите, недостатокот на универзален здравствен систем, мајчина и детска смртност, убиствата и дебелината.

Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан