Во новиот Луна парк во Скопје ќе се вртиме на лулашки за 6,5 милиони евра
Објавено во: Економија 02 Септември, 2017
На местото на стариот Луна парк во Скопје се прави нов.
До каде е реализацијата која почна пред три месеци на новиот, модерен забавен парк денеска таткото на градот Коце Трајановски дојде да провери.
Имено Коце се пофали дека забавниот парк треба да почне да функционира од почетокот на новата година, а може и порано, доколку се поволни временските услови.
Изградбата на паркот ќе се одвива фазно во период од неколку години и за истиот Град Скопје ќе потроши околу 6,5 милиони евра .
Според кажаното во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини.