25 Април, 2024
0.2808

ДО КОГА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖУВАМЕ ЗА ДА СЕ РАЗДОЛЖИМЕ: Нов долг ќе висне над грбот на граѓаните

Објавено во: Финансии 18 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

На еден ден после самото распуштање на Парламентот, Владата од домашните кредитори ќе бара нов заем од 31 милиони евра.

Уште еден долг ќе се запише во историјата на земјава. 

Надлежното министерство ќе се обиде да обезбеди  23 милиони евра преку аукција на државни записи, додека на аукцијата на државни обврзници ќе бидат понудени записи од 8 милиони евра, додека утре Владата треба да се раздолжи со 1,8милиони евра.

Од Министерството за финансии тврдат дека нето-задолжувањето по оваа аукција е еднакво на нула.

Реакција од дополнителниот заминк министер Кире Наумов

„Министерот Кирил Миноски објави аукција на државни хартии од вредност со која побарува за 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за враќање.

Миноски ја користи последната аукција на државни хартии од вредност објавена пред распуштањето на Собранието на Р.М. на терет на граѓаните да запише нов нето долг.

Оваа власт зад себе ќе остави повеќе од пет милијарди евра долг на идните генерации. За сите злоупотреби на граѓаните ќе има одговорност“, истакна вчера Наумов.

Владата за три години треба да врати близу милијарда евра, а планира да се задолжи со 1,7 милијарди евра

Владата во следните три години треба да врати долг од близу една милијарда евра, а истовремено планира да се задолжи за 1,7 милијарди евра, покажува најновата Фискална стратегија на Министерството за финансии. Со тоа, јавниот долг на земјава до 2019 година Министерството за финансии планира да достигне 56% од БДП.

Експерите постојано укажуваат на зголемување на долгот

Неодамна Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд посочија дека во земјите во развој како што е Македонија дека вкупниот јавен долг треба да биде до 50 отсто од БДП. Економистите сметаат дека ова ниво на јавен долг е неодржливо и скапо ќе ја чини земјата.

„Јавниот долг веќе не е одржлив, тоа на секого му е јасно. Она што е важно да го знае јавноста е дека ние едноствано плаќаме превисока цена за јавни услуги кои можат да бидат поевтини, и тоа треба да е предмет на дебата.Но она што е непростливо, е што јавниот долг се користи за билдање на економски раст кој во делот на благосостојба на граѓаните, ама баш ништо не значи“, вели Николов.

Од  „Finance Think“ посочуват дека во стартегијата нема доволно аргументи околу лимитот за задолжување, што создава перцепција дека постои простор за задолжувања.

„Поистоветувањето на одржливото ниво на јавниот долг со Мастрихтскиот критериум од 60% од БДП, без истото да се аргументира во контекст на локалните карактеристики и намената на веќе генерираниот долг, се чини недоволно аргументирано и непоткрепено со податоци. Спротивно на тоа, ваквото дефинирање на лимитот на јавното задолжување може да создаде перцепција дека постои понатамошен простор за задолжување, што може да биде штетно, доколку таквото задолжување не е строго наменско и во приоритетни продуктивни цели“, посочуваат од „Finance Think“.


Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка