До крајот на годинава ќе користиме пластични банкноти
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2017
Народната банка го најави почетокот на пластичните банкноти со објавата на оглас за доделување на договор за јавна набавка на книжни пари изработени од полимер.
Пластични банкноти ќе бидат банкнотите од 10 и 50 денари а според барањето за понуда на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 127.000.000 денари.
Критериум за добивање на договорот е најниска цена. Договорот е во времетраење од една година.
Доколку се оди според планираното, од НБРМ велат дека овие пластични банкноти ќе се пуштат во оптек до крајот на годинава.