До крајот на годинава се очекува постигнување на историски договор помеѓу Косово и Србија
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2018
До крајот на оваа година Косово очекува да ги реши контроверзните прашања со Србија и да постигне историски договор. Косовскиот премиер, Хашим Тачи, во интервју за „Ројтерс“ изјави дека договорот меѓу Приштина и Белград ќе резултира со целосна нормализација на односите, иако можеби двете страни нема да се признаат меѓусебно како независни држави.
„Договорот меѓу Косово и Србија, што верувам дека ќе се постигне во 2018-та година, ќе биде историски и сеопфатен. Резултатот ќе биде членството на Косово во Обединетите Нации“, изјави Тачи.
Косово прогласи еднострана независност на 17 февруари 2008 година. Тоа беше признато од страна на повеќето земји-членки на Европската Унија и САД. Нормализирање на односите меѓу Косово од Србија е клучен услов за пристапот на Белград во Европската Унија.