До средба на другарите Трамп и Путин ќе поминат месеци
Објавено во: Свет 22 Јануари, 2017
Официјален Кремљ ги негираше написите на американските медиуми дека Доналд Трамп е подготвен веднаш да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. За нивната средба најверојатно подготовките ќе траат со месеци, а не со недели, како што се тврдеше досега.
Портпаролот Дмитриј Песков посочи дека најпрво Путин ќе му ја честита победата на Трамп телефонски, а потоа ќе започне процесот на протоколарни договори за средба за која Москва е подготвена да се случи.
Американскиот либерален печат сака да го отслика Трамп како руски агент кој ќе работи во интересите на Путин бидејќи наводно тој со наредба за хакерски напади врз Хилари Клинтон му помогнал да победи на изборите. За ова секако не постојат сериозни докази, но левицата во САД не може да се помири дека е сама виновна за поразот, особено што Клинтон водеше очајна кампања без главна порака и не им посвети доволно време на одлучувачките окрузи.
Токму затоа и првата средба меѓу Трамп и Путин ќе даде јасна слика за тоа како се одвиваат односите меѓу САД и Русија и како ќе се постави новата американска администрација, но сите што мислат дека нема да ги постави своите интереси на прво место се лажат.