Добивај вести на Viber
Договорот за новиот пакет мерки за штедење мора да се потпише денеска или најдоцна утре, изјавил за грчките медиуми портпаролот на Владата Симос Кедикоглу, само неколку часа пред денешниот состанок на грчкиот премиер Андонис Самарас и неговите коалициски партнери.
Според Кедикоглу, самитот на Европската унија бил многу позитивен за Грција, а европските лидери ги поддржале новите мерки за штедење. Во врска со напуштањето на коалицијата од страна на двајца пратеници кои сакаа да гласаат против мерките за штедење, Портпаролот изрази надеж дека најголем број пратеници ќе ги поддржат новите мерки.
Со новиот пакет мерки треба да се заштедат 13,5 милијарди евра, а Самарас планира до петок да постигне договор во обид да обезбеди позитивна порака на вонредниот самит на министрите за финансии од еврозоната кој ќе се одржи во понеделник.