ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Винетките се праќаат во историјата, како ќе се наплаќа на автопатиштата?
Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2018
Голема промена ќе ги опфати системите за наплата на користење автопатишта.
Директорот на Хрватски автопатишта Борис Хузјан изјавил дека се подготвува ваква промена на ниво на цела Европска унија.
-Во контекст на развојот на модел на наплата на патарина за сите видови возила, важно е да се истакне дека со предлогот на нова директива на Европскиот парламент е планирано во блиска иднина плаќањето на патарини да биде можно единствено по модел на преминат дел од автопат, а не наплата за одреден период на користење-изјавил Хузјан "Jutranji list".
Како вели, тој систем веќе постои во Хрватска.
-Ресорното министерство во рамки на сите реформи кои ги спроведуваме распиша јавен повик за искажување на интерес за изработка на студија за развој на електронскиот систем на наплата на патарини во Хрватска, - вели тој.
Намерата, како наведува, е да се унапреди постоечкиот систем на наплата на патарини, а студијата ќе покаже кок облик на електронски систем на наплата е најпогоден за автопатиштата, уважувајќи ги новите технологии.