ДОАЃА НОВ УРАГАН: Kои земји ќе ги погоди?
Објавено во: Свет 15 Септември, 2017
Се појави нов ураган Макс.
Се оечкува дека овој ураган кој се оформи во близина на јужниот брег на Мексико, би можел денеска да ја погоди оваа земја, пренесува АП.
Од американскиот Национален центар за урагани порачуваат дека Макс носи ветрови со брзина до 120 километри на час и дека ураганот е лоциран на 85 километри југозападно од заливот Акапулко. Додаваат дека ураганот се движи во правец кон исток со брзина од девет километри на час.
Во крајбрежниот појас помеѓу градовите Зихуатанехо и Пунта Малдонадо денес е издадено предупредување за ураган.
Макс би донел силни дождови и поплави од катастрофални размери.
Пред неколку дена подрачјето беше погодено од ураганот Ирма, од чие дивеење
загинаа 61 лице. Најмалку 38 загинаа на Карибите, додека уште 23 жртва имаше во Флорида, Џорџија и
Јужна Каролина .