ДОАЃА ОСВЕЖУВАЊЕ: Утре и задутре поројни дождови и пад на температурите
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2017
Локален пороен дожд и појацва на грмежи најавуваат метеоролозите за утре, псоебно во северните и западните делови.
Речиси ширум земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност а ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Температурата ќе се движи од 21 до 35 степени.
Умерено облачно со локален пороен дожд и појава на грмежи ќе биде и во главниот град.
Четврток пак врнежи ќе донесе на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец а температурата ќе достигне до 31 степен.
Во четврток врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Дневната температура во следните два дена ќе бележи постепено опаѓање, а позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо.