Доби „Нобелова“ награда за секс животот на стаорците
Објавено во: Свет 24 Септември, 2016
Комитетот за нобеловата награда ги разгледува најголемите достигнувања во науката и уметноста, но комитетот на ЛГ Нобеловите награди во Хардвард има сосема друга цел, односно да ги признае најнеобичните научни истражувања и потфати.
Во годинешната пародија на Нобеловите награди доделено му е признание на починатиот доктор Ахмед Шафил од Египет кој на стаорците им облекувал долна облека од различен материјал, полестер, памук и волна со цел да утврди како ќе се одвива нивната сексуална активност.
Епохалното откритие вели дека стаорците кои носеле полиестер најмалку имале секс бидејќи материјалот најверојатно испуштал електростатични празнења. Ако ова истражување може да се примени кај луѓето тогаш заклучуваме да избегнувате облека од полиестер.
На церемонијата присуствуваа и четворица добитници на вистинската Нобелова награда, а се одржаат повеќе забавни научни натпревари кои покажуваат дека и научниците знаат да се опуштат што е и всушност целта на манифестацијата која се одржува веќе 26 години.