29 Март, 2024
0.0249

Добивката на „Витаминка“ падна за 68 отсто

Објавено во: Економија 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Приходите од продажба на домашниот пазар лани се зголемиле само за 1 отсто односно за 5 милиони денари. Наспрема нив продажбата во странство пораснала 7 отсто. Наспроти растот на приходи од продажба за 52 милиони денари, оперативните расходи пораснале за 92 милиони денари

Добивката на прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ паднала за 68 отсто во 2016 година во споредба со 2015 година и тоа во услови кога приходите од продажба на оваа компанија пораснале за 3 отсто, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех што ги објави таа компанија. 

Податоците покажуваат дека нето добивката по оданочување за лани изнесува 18,1 милиони денари (околу 300.000 евра) и таа е остварена во услови кога компанијата имала приходи од продажба во износ од 1,687 милијарди денари (над 27,3 милиони евра). Од овие податоци изнегува дека добивката е само 0,1 отсто од приходите од продажба! Потребен ли е коментар на ваков резултат?

Во споредба со 2015 година добивката на „Витаминка“ за лани е помала за 38,7 милиони денари односно за 68 отсто.

Приходот од продажба во странство лани изнесувал 746 милиони денари и е за 47 милиони денари поголем од реализираниот во 2015 година. Приходите остварени на домашниот пазар лани изнесувале 941 милиони денари и се поголеми само за 5 милиони денари од 2015 година односно за еден отсто во споредба со 2015 година. Вкупните приходи на компанијата лани изнесувале 1,687 милијарди денари. Залихите на компанијата на крајот на годината биле за 30 милиони денари повредни од залихите на почетокот на годината.

Оперативните расходи пораснале за 92 милиони денари

Наспроти приходите од продажба кои пораснале за 52 милиони денари, расходите од работењето пораснале за 92 милиони денари. Најголем раст има кај ставката останати трошоци од работењето кои стигнале до 125,8 милиони денари и пораснале за повеќе од 50 милиони денари во однос на 2015 година односно за 67 отсто. 

Трошоците за суровини и други материјали пораснале за 7 отсто, но во пари тоа е раст за безмалку 80 милиони денари. Благо растеле и трошоците за вработени, како и услугите со карактер на материјални трошоци. Заради овој сооднос на силите оперативната добивка на „Витаминка“ паднала за 42 милиони денари од 71,3 милиони денари во 2015 година на 29,2 милиони денари лани.

Дополнително врз големиот пад на добивката влијание имаат и високите финансиски расходи на компанијата во споредба со нивото на финансиски приходи. Финансиските приходи изнесуваат 2,4 милиони денари наспрема финансиските расходи кои се на ниво од 11,3 милиони денари и тука соодносот е негативен и се одразува врз добивката на компанијата.

Во врска со финансиските расходи значајно да се истакне е тоа што „Витаминка“ по основ на краткорочни и на долгорочни кредити на крајот на 2016 година должи 252,4 милиони денари. Од тие краткорочни се 92 милиони денари кои се за 34 отсто зголемени во однос на 2015 година. Наспрема нив се долгорочните обврски кои се намалени за 40 милиони денари и се донесени до ниво од 160,4 милиони денари.  

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат