24 Април, 2024
0.0301

Добивката на Жито Полог „смелена“ за половина година

Објавено во: Економија 03 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Тетовскиот производител на брашно и мелнички производи Жито Полог ако се гледа според вториот финансиски извештај за годинава има подобри резултат во однос на 2016 година со тоа што втор квартал по ред бележи зголемени приходи. Секако, според актуелните пазарни услови со ниска цена на пченицата и сериозната конкуренција тој раст е незначителен. 

Жито Полог АД Тетово за првите шест месеци од годинава остварил 176,9 милиони денари приходи и за разлика од лани стигнал и до странските пазари, но со речиси незабележителни 1,5 милиони денари. 

Во однос на претходната година приходите се зголемени за околу 10%, но истовремено и расходите растат што ја намалува ултимативно профитната маржа. Жито Полог АД Тетово има 181,5 милиони денари расходи во овие шест месеци, од кои најмногу потрошил на трошоци за суровини и материјали кои заземаат речиси 60% од вкупната ставка. 

Најголем поединечн раст во однос на 2016 година има кај набавната вредност на трговски стоки за речиси 5 пати и тие изнесуваат 38,5 милиони денари од вкупните оперативни расходи. Според годишниот извештај Жито Полог има околу 150 вработени, па нема промени и годинава. За нив за 6 месеци работење издвоил 25,4 милиони денари за плати и придонеси.

Падот на финансиските приходи од вложувања, заеми и камати за околу 3 милиони денари драстично се одрази и на крајниот резултат. Жито Полог половината од годината ја завршува во загуба од 4 милиони денари, што е голем пад на профитабилноста бидејќи лани во истиот период имал 6,2 милиони денари добивка.

Да потсетиме дека направивме и анализа за работењето на Жито Полог во првиот квартал од 2017 каде според финансиските извештаи објавени на Македонска берза имаше приходи од 94,4 милиони денари и загуба од 2,5 милиони денари. 

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска