25 Април, 2024
0.0362

Добрите вести од САД и Кина доведоа до раст на берзите

Објавено во: Свет, Финансии 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

На азиските берзи цените на акциите растат веќе трет ден по ред, благодарение на знаците за стабилизација на двете големи светски економии, САД и Кина. Индексот на токиската берза Никеи во 07:30 беше до 1,8 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Сингапур, Хонг Конг, Австралија и Шангај се зголемени помеѓу 0,1 и 1,2 отсто. Индексот на акциите Азија-Пацифик МСЦИ, без Јапонија, забележа добивка од 0,6 проценти со што достигна највисоко ниво во последните седум месеци. Во третиот квартал, економијата на Кина се зголеми за 7,4 отсто во споредба со истиот период лани, што е најниска стапка на раст од првиот квартал на 2009 година. Вчера објавените податоци од САД за пазарот на недвижности ја зголемија надежта дека најголемата економија во светот се стабилизира по еден подолг период на бавен раст. Исто така, инвеститорите се надеваат на напредок во решавање на должничката криза во еврозоната на самитот на Европската унија и се во очекување дали Шпанија конечно ќе побара меѓународна помош за спас од кризата. Благодарение на тоа, утрово на девизните пазари, еврото се менува за околу 1,3110 долари, додека вчера наутро чинеше 1,3090 долари. Во однос на јапонската валута, цената на еврото се зголеми и вчера изнесуваше 103,10-103,65 јени.  

Можеби ќе ве интересира

Нема пасоиши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоиши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов