19 Април, 2024
0.0270

Добро е што сме надвор од рецесија, ама светлина во тунелот се уште тешко се гледа!

Објавено во: Анализа 16 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Добро е што излеговме од рецесија, макар и со ваква симболична стапка на раст, велат експертите. Додаваат дека било каква споредба на растот на македонската со германската или француската економија е мешање на баби и жаби. Наташа Стојановска Бруто-домашниот производ за третото тримесечје од 2012 година порасна за 0,2%, со што Македонија излезе од рецесија. За експертите добро е економијата да има позитивни стапки, но, растот од 0,2 отсто, после рецесија не е доволен за да се каже дека економијата е на вистински пат. “Добредојдена е секоја позитивна стапка, но, стапката од 0,2 отсто раст на БДП во третиот квартал  не е задоволителна за да кажеме дека економијата е на вистински пат.  Оваа стапка од 0,2 отсто ако се задржи и во четвртиот квартал од годинава, односно ако и тогаш стапката на раст биде околу нулата тогаш тоа ќе значи дека економијата стагнира и нема раст, вели за Фактор универзитетскиот професор, Димитар Ефтимовски. Според Ефтимовски за да се каже дека имаме придвижување на економијата и добри позитивни сигнали, потребно е во четвртиот квартал БДП да има раст кој ќе биде околу 1 отсто. Ако е така како што вели статистиката, тогаш добро е што македонската економија покажува некакви позитивни сигнали посочуваат дел од експертите. “Добро е што има било каков позитивен раст, бидејќи кризата го заврте вториот круг и се надевам дека следната година ќе успори бидејќи ако и натаму продолжи со истото темпо тогаш ќе биде лошо. Ние гледаме дека светските економии како што е економијата на САД и економијата на Германија која пак е важна за Европа, покажуваат блага рецесија и добро е што македонската економија, покажува некаков позитивен сигнал, вели Горан Рафајловски, претседател на Стопанската комора на град Скопје. Да не се мешаат баби и жаби! Според статистиката, во првите девет месеци од годинава раст од 0,2 отсто на БДП имаат и економиите на Германија, Франција и Турција. Но, сепак во никој случај не може да се прави споредба на растот на економијата на Македонија со растот на економиите на Германија, Франција и Турција. Тие економии се неспоредливи, велат експертите. “Македонската економија може да се споредува со економиите на Србија, на Бугарија. Германската економија пак може да се споредува со економијата на Јапонија, но споредувањето на македонската економија со економиите на високо развиените економии е мешање на баби и жаби, тоа може само да ве однесе во замка, бидејќи базата и ресурсите се различни, вели Ефтимовски за Фактор. Споредбата, додава Ефтимовски може да се прави на економии со исто ниво на развој.  Бидејќи не е исто растот од 0,2 отсто за просечен Македонец и растот од 0,2 отсто за просечен Германец. “Неспоредливи се тие параметри.  Аспурдно е да се споредува нашата економија со високо развиените економии. На македонската економија и треба повеќегодишен раст на БДП од 10 отсто за евентуално да се приближи кон нив. Па ако сакате дури и на турската економија и требаат уште десет години за да ја стигне Германската, вели Рафајловски. Според податоците од Државниот завод за статистика,  во третото тромесечје најголем пораст е забележан во секторите градежништво - 16,7% и сообраќај, складирање и врски - 2,3%.Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година пораснала за 0,3%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 73,5%. За истиот период извозот на стоки и на услуги забележува намалување во номинален износ од 6,2%, а увозот на стоки и услуги номинално опаѓа за 3,5%.  

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза