18 Април, 2024
0.4337

ДОБРО ЗАРАБОТИЛ: Го купил за 17, а го продаде за 653.740 евра

Објавено во: Стил 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Британски колекционер на аукција продаде чајник за 650.000 евра.

Чајникот со скршена дршка и без капак e купен на друга аукција во 2016 година, а тогаш на купувачот му било соопштено дека е направен меѓу 1776 и 1800 година во грофовијата Мидлсекс.

Kолекционерот тогаш  платил  само 15 фунти (околу 17 евра) за чајникот. Купувачот, кој се занимавал триесетина години со проучување керамика, претпоставил дека чајникот е изработен во познатата работилница „Ајлворт“ и така можел да ја процени неговата реална вредност.

Експертот од аукциската куќа „Вули и Волис“, откако му бил покажан чајникот,  утврдил дека е изработен од Џон Бартлем, а неговите производи се многу ретки на пазарот.

Досега се пронајдени само шест порцелански предмети изработени од Бартлем, па затоа и овој чајник достигна огромна цена од 575.000фунти, односно 653.740 евра.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре