Додека Балканот гори, кај нив луѓе умираат од студ
Објавено во: Свет 18 Јули, 2017
Најмалку две лица починаа како последица на ниските температури во Аргентина.
Жртви на студот се 54 годишен бездомник од местото Мар Дел Плата и 41 годишен маж од Санта Фе.
Надлежните кажаа дека и двајцата починале од хипотермија.
Ладниот бран доаѓа од јужниот пол, а температурите се -7 степени.
Во Барилоче се измерени -25.4 степени.
Аеродромот во Буенос Аирес беше повремено затворен, а дел од летовите беа откажани.