24 Април, 2024
0.0328

Додека се крчка новата влада, старата потпишува договори за изградба на новиот Клинички центар

Објавено во: Економија 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

И додека новиот мандатар ги склопува коцките за состав на новата Владата, старата потпишува нови договори.

Според најавите денеска треба да биде потпишан договорот за изградба на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје.

На потпишувањето ќе присуствува актуелниот премиер на техничката влада Емил Димитриев а најверојатно потписот на договорот ќе го стави министерот за здравство во заминување Никола Тодоров.

СДСМ најави дека ќе го испитува овој милионски потег бидејќи тендерот на Тодоров им бил сомнителен.

„Да сакаа Тодоров и Никола Груевски да биде изграден новиот клинички центар, немаше да ги излажат граѓаните и ќе го реализираа даденото ветување од 2012 година. Клиничкиот центар во Скопје требаше да биде готов до 2 јануари 2017 година! Денеска е 23 април 2017 година, а од новиот клинички центар сè уште ги има само тарабите покрај кои се шетаа Тодоров и Груевски пред три години. Вистинската причина зошто нема нов клинички центар досега, се неодговорните политики на Тодоров, за кого беа поважни „Ивонче милионче тендери“, наместо вистинска заштита на здравјето на граѓаните“, се наведуваше во соопштението на социјалдемократите пред еден месец.

Од партијата истакнаа дека новата влада ќе изгради нов клинички центар, како што е предвидено во програмата за работа на новата влада.

Апели новиот клинички да почека подобри времиња

Да се стопира проектот за изградба на нов клинички центар и да се почека новата влада, советуваше поранешниот прв човек во здравството Имер Селмани, неодамна за Телма. 

Според него, изградбата на кампусот во овој момент не е ниту политички, ниту законски оправдана, а упорното туркање на проектот со право фрла сомнеж врз намерите на политичарите. Инсистирањето по секоја цена изградбата да стартува во јуни креира впечаток во јавноста дека во позадина се крие нешто друго, потенцираше Селмани.

„Граѓаните со право се сомневаат зошто толку брзање во моментот кога имаме техничка влада со сомнителен кредибилитет, бидејќи пола влада се и пратеници во исто време, обавуваат две функции со закон и пратеници и министри... Најпаметно е, згора на тоа што не е соодветно политички и законски, нема да биде ниту кјорисно за граѓаните да се почне сега набрзина со таков проект за кој идната влада можеби ќедонесе одлука да биде сместен надвор од централното градско подрачје“, изјавил Селмани неодамна за Телма.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?