24 Април, 2024
0.0381

Доделена главната награда од наградната игра „Happy Monday“ за корисниците на Mastercard платежните картички

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка Македонија неодамна ја додели главната награда од наградната игра „Happy Monday“, која беше организирана во периодот од 6.11.2017 до 31.12.2017 година, за корисниците на платежните картички од брендот Mastercard.

Право на учество во наградната игра имаа сите корисници на Mastercard платежните картички (Mastercard Debit, Maestro, Mastercard Standard и Mastercard Gold) издадени од Шпаркасе Банка Македонија, со секоја реализирана трансакција во износ поголем од 300,00 денари на продажните места и е-commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и во странство. Согласно со Правилата на наградната игра по истекот на секоја седмица, Банката секој понеделник во периодот на наградната игра спроведуваше електронско извлекување на 7 среќни добитници на парична награда во износ од 5.000 МКД од трансакциите реализирани за секој ден од седмицата и една награда во износ од 50.000 МКД од вкупниот број реализирани трансакции во истата седмица. По истекот на периодот на наградната игра или изминати 8 седмици беа наградени вкупно 56 добитници на парични награди во износ од 5.000 МКД и 8 добитници на парични награди во износ од 50.000 МКД.  Добитниците на наградите од 5.000 МКД и 50.000 МКД можете да ги погледнете на следниот линк. Од вкупниот број реализирани трансакции во периодот на наградната игра на 9 јануари 2018 беше извлечен добитникот на главната награда во износ од 500.000,00 МКД, г-ѓа Викторија Божиновска од Прилеп.

Им честитаме на сите среќни добитници и им посакуваме да уживаат во наградите заедно со своите најблиски и да продолжат да ги користат услугите и поволностите на Шпаркасе Банка Македонија!

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка