Додик: Босна и Херцеговина е невозможна земја
Објавено во: Балкан 15 Ноември, 2017
Босна и Херцеговина е невозможна земја, но продолжува да постои благодарение на притисокот на меѓународната заедница.
Ова го изјавил претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Во интервјуто за српската државна телевизија РТС, тој истакнал дека босанските Срби биле принудувани да го прифатат Дејтонскиот мировен договор, иако никогаш не сакале да живеат во државата Босна и Херцеговина.
„Оваа држава опстојува благодарение на големите интервенции на меѓународната заедница“, рече претседателот.
Според него Република Српска ги има сите елементи со кои може да функционира како држава.
„Имаме територија, народ кој сака држава, извршна власт и добри регионалните односи“, додал тој.