18 Април, 2024
0.0286

Договорот ЕУ-Турција за бегалците пред крах - илјадници мигранти се трупаат по грчките острови

Објавено во: Балкан 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Европските лидери ја опишуваат зделката за бегалци, која ја склучија со Турција во пролет, како дипломатски сребрен куршум, кој ќе го запре протокот на бегалци кон Стариот континент и ќе гарантира хумана грижа кон нив од страна на Анкара. Всушност договорот, која канцеларката Ангела Меркел лично го договори, почнува да изгледа повеќе како бомба со часовник кој одброува.

Недостатокот на политичка волја во Европа и Турција за исполнување на клучните одредби на договорот докажала дека е неговата најслаба точка. И ако лидерите не го сменат наскоро курсот, последиците ќе бидат почувствувани од Анкара до Берлин, предупредуваат критичарите. 

„Еден неуспех на договорот ќе има сериозни последици за Грција и би требало да е проблем за Западен Балкан“, рече Џералд Кнаус, директор на експертската група Европска иницијатива за стабилност и примарен архитект на стратегијата за бегалците. „Но, тоа исто така би требало да биде проблем за Меркел, Холанѓаните и други, кои се соочуваат со предизборните кампањи следната година“.

Минатата недела Кнаус објави уништувачки извештај за спроведување на ЕУ планот, заклучува дека „тековните напори се намалиле драстично“.

Засега претставниците на Европа дури одбиваат да признаат дека има голем проблем. Тие ги посочуваат напорите на Турција да патролира по своите граници, што доведе до драматично намалување на бројот на новопристигнатите во Грција - од околу 2.000 мигранти на ден во јануари до околу 130 дневно овој месец. Комисијата објави оваа недела дека префрлила неколку милијарди за помош на бегалците во Турција, што е клучен дел од планот.

„Договорот ЕУ-Турција доведе до конкретни позитивни резултати“, изјави неодамна еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос. „Успехот на нашиот заеднички пристап во последните месеци е клучен за успехот на сè друго.“

Иако позитивните вести ги побиваат сериозните пукнатини во договорот, нејзините архитекти предупредуваат дека тие може да доведат до негов крах. Наместо да се обезбеди непречено пренесување на мигранти кои пристигнуваат во Грција, назад кон Турција - клучен аспект на планот - зделката доведе до натрупувањето на илјадници бегалци на грчките острови, каде што повеќето живеат во пренаселени кампови, често во мизерни услови. И додека бројот на новодојдените паднал во споредба со почетокот на годината, просечниот број на месечна основа е речиси тројно поголем од мај.

Проблемите во Грција се разновидни. За почеток на Грција и недостасува институционална рамка за да се справи со приливот. Според условите на договорот со Турција, брзината со која Грција се справува со случаите за барање на азил, требало да се забрза. Наместо тоа има забавување. Пред договорот грчката експертска група по барањата, која се занимава со делата за азил, обработуваше просечно по 80 дела месечно. Во септември таа се справи само со 35 такви случаи . Проблемот, велат експертите за миграција, е дека Грција едноставно не е подготвена да се соочи со планината од случаите, со која се соочува. Европа вети дека ќе помогне, но испрати досега само околу 40 експерти во оваа сфера, кои ќе помагаат.

Во моментов има над 14 000 мигранти и азиланти на грчките егејски острови и уште десетици илјади на копно. Според условите на пактот ЕУ-Турција, Грција има право да ги испрати назад Сиријците и други мигранти кои пристигнуваат од Турција, откако беа регистрирани и поминале низ сослушување за азил, ако тие се стремат кон таквов чекор. За секој сириски бегалец, кој го прифаќа назад, Анкара има право да испрати до Европа сириски бегалец, кој веќе е во Турција. Европа се надева дека принудувајќи ги бегалците да се вратат назад во Турција, тие ќе бидат обесхрабри да поминуваат низ Егејското Море, а исто така ќе биде прекината трговијата со луѓе. Досега Грција испратила назад едвај 600 од пристигнатите повеќе од 14 000 мигранти, кои дојдоа во првите шест месеци од договорот. Повеќето, ако не сите од вратените, го направија тоа доброволно.

„Одвоивме шест месеци време и нивниот број се намали. Но, она што навистина ги попречува луѓето да доаѓаат, не е страв од ризик за живот, а чувството дека ова е безнадежно“, смета Кнаус. „Тоа е, кога бројот на пристигнати падне драстично.“

Основната ситуација во примената на овој аспект од планот е дека грчките службеници во областа на бегалците одбиваат да враќаат во Турција бегалци. Според меѓународни договори бегалците можат да бидат испратени во земји, определени како сигурни. Иако според грчкиот парламент Турција е „безбедна трета земја“, вработените од областа на азил, кои вршат аудиции, имаат друго мислење, кое е поблиску до оценување на активисти. Групи како Амнести интернешенел и Хјуман рајтс воч редовно известуваат за злоупотреби во Турција против малцинствата и политичката опозиција, фактори кои според многумина ја прават земјата несоодветна за бегалците.

Извештајот од септември на Еврокомисијата за спроведување на договорот гласи дека од илјадниците бегалци кои пристигнале на грчките острови по влегувањето во сила на договорот, грчките власти се согласиле досега шестмина сириски бегалци да бидат вратени во Турција по разгледување на нивните барања за азил .

Ситуацијата на островите, пак, станува очајна а лицата кои бараат азил, се принудени да чекаат со месеци само за да бидат регистрирани. На Лезбос, на островот со најголем број мигранти, неодамна пожар уништи голем дел од кампот Морина, откако беше запален од гневни мигранти. За да се намали напнатоста, на грчки официјални претставници може да им се предложи да се преселат многу од мигрантите кон копното. Но тоа е токму она што Германија и други северни земји не го сакаат.

Важноста на држењето на мигрантите на островите и нивното враќање кон Турција е брзо испратен сигнал до другите потенцијални кандидати за азил да не доаѓаат. Колку подолго мигрантите остануваат, толку помала е веројатноста тие некогаш да се вратат дома. Европа во моментов враќа само околу 30 проценти од мигрантите кои илегално влегле во ЕУ, покажува статистиката на Европската комисија.

Друг проблем е што откако бегалците стигнат до копното, тие се упатуваат на север, проверувајќи каде можат да ги поминат границите по должината на т.н. Балкански пат. Други земји од ЕУ ветија дека ќе преземат голем дел од околу 50-те илјади во Грција, но засега биле преместени само околу 4500. Иако границите преку Балканскиот пат се затворени, бидејќи земјите од Македонија до Словенија воведоа посериозна гранична контрола, далеку не е јасно дали тие ќе издржат друг масовен бегалски прилив.

На пример Србија веќе се соочува со зголемување на кризата на границата со Унгарија, каде што илјадници бегалци, кои се обидуваат да стигнат до Северна Европа, се сместени во импровизирани кампови.

Експертите во оваа сфера тврдат дека договорот не може да се реализира целосно, додека Турција не ја подобри ситуацијата во земјата за човекови права, која е претерана надеж. Кнаус вели дека Европа треба да ја ангажира Анкара посериозно и да користи ветувањето за визна либерализација за Турците , за да добие отстапки.

Додека ЕУ и ветуваше на Турција укинување на визите, како дел од оригиналниот договор - кога Анкара почна да ги исполнува условите - договорот буди противречности во многу земји. Во Германија и Австрија, на пример, популистички партии предупредуваат дека укинувањето на визите може да предизвика масовен егзодус на Курди и други Турци кои се соочуваат од гонење дома. Политичарите од главните партии се загрижени за начинот на кој се смета договорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, токму кога тој станал уште поавторитарен.

„Европејците често разговараат за ова прашање на емоционално ниво, без да има предвид каков ќе биде следниот чекор“, вели Кнаус. 

„Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц може да каже дека нема да има либерализација на визниот режим за Турци, но ние се уште имаме потреба од Турција да ја задржува кризата да не експлодира повторно во Егејското Море.

„Друго прашање е дали Турција ќе игра заедно со другите. Ердоган се бори да го задржи договорот вистински, делумно за да одржува добри односи со Европа, кои се затегнати во последно време. За сега се чини дека вниманието на Европа се фокусира на Брегзит и други прашања. Острината и значењето на договорот со Турција во голема мера останаа незабележани, како и последиците од негов крах. Уште во март, кога трансакцијата беше договорена, лидери беа очајно решени да биде демонстриран видлив напредок во запирање на приливот на бегалци од обезбедувањето на договорот. 

Да биде одржувана во работен режим на долг рок не беше приоритет, велат аналитичарите. „Веднаш откако пораката беше упатена, интересот за реалните перформанси значително се намали“, вели Елизабет Колет директор на институт за миграциската политика Европа со седиште во Брисел. 

„Секој кој разбира како функционираат овие работи, знае дека ќе треба многу време, за да се стави во пракса.“

Можеби ќе ве интересира

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе