Дојава за бомба и евакуација во трговски во Москва
Објавено во: Свет 16 Јули, 2017
Над 4.000 луѓе се евакуирани од трговскиот центар „Авиапарк” во Москва, по лажна дојава за бомба.
„Меѓу 4.000 и 6.000 луѓе се евакуирани од трговскиот центар „Авиапарк“. Беа евакуирани поради бомба”- изјави официјален претставник.
Според информациите на „Интервакс“, по примен анонимен повик од зградата се евакуирани луѓето и се проверени сите простории.
Евакуирани беа и автомобилите од подземниот паркинг на трговскиот центар.
Трговскиот центар „Авиапарк” е еден од најголемите во Европа.