Добивај вести на Viber
Најголемата германска банка Дојче банка, соопшти дека подобрените пазарни услови придонеле за раст на нејзиниот неоданочен профит во третиот квартал, наспроти тоа што нето профитот е намален, како последица на значително зголемените издатоци за даноци. Кварталниот нето профит на Дојче банка изнесувал 755 милиони евра (980 милиони долари), во споредба со 777 милиони евра во третиот квартал лани.