Дојче банка им кажува збогум на банкарите, на потег се роботите
Објавено во: Свет 10 Ноември, 2017
Генералниот директор на Дојче банка Џон Крајан дал досега најјасен сигнал дека банката би можела да отстрани десетина илјади работни места.
Банката се врти кон нови технологии како трошоците би ги усогласила со значајно пониски приходи, пишува лондонски Фајненшел тајмс.
„Вработуваме 97 000 луѓе. Повеќето големи конкуренти имаат само половина од тој број“, изјавил Крајан за ФТ.
Дојче банка досега укина 4000 работни места од ветените 9000 колку што е најавено со петгодипниот план на реструктурирање објавен кон крајот на 2015 година, од кој се очекуваат заштеди на трошоци од три милијарди евра.
Крај навел дека многу дополнителни намалувања на бројот на вработени ќе се случат низ користење на технологија како би се зголемила ефикасноста во банкарските операции.
„Имаме премногу мануелна работа, што ве прави склони кон грешки и ве прави неефикасни. Постојат многу уреди кои учат и автоматски машини со кои можеме да работиме“, наведува тој.
Крајан додал дека односот на бројот на вработени на шалтерите, кои генерираат приходи, спрема бројот на луѓе во логистиката, задолжени за одржување на работата на различни системи, во Дојче банка е “неодржлив“.