Добивај вести на Viber
Дојче Телеком, денеска во Берлин, најави голема инвестициска офанзива во брзиот интернет во Германија. Во идните неколку години, во брзиот фиксен интернет преку VDSL и векторинг, потоа оптика, мобилна технологија LTE и WiFi планира да вложи дури 12 милијарди евра, а кога ќе се земат предвид и инвестициите од 2010 година, вкупните вложувања во брзиот интернет достигнуваат 23 милијарди евра.
Годинава, Дојче Телеком најави инвестиции од 3,4 милијарди евра. Една година подоцна вложувањата ќе се искачат на 4,3 милијарди евра и ќе продолжат со влично темпо и во наредните години.
Cо новиот план, просечната брзина на сурфање преку фиксна линија би требала, во наредните неколку години, да се зголеми на 100Mbps, а во мобилната комуникација, на 150Mbps.