19 Април, 2024
0.0366

Најдобрата серија за пари и моќ започнува со втората сезона

Дојдете по своите Милијарди

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Првиот е човек со неограничени финансиски средства, а вториот за себе тврди дека нема што да изгуби. Првиот е крал на инвестициските фондови и потенцијален криминалец, а вториот е успешен адвокат којшто ги приведува криминалците од висок калибар пред очите на правдата. Не се работи за актери од домашната политичка сцена, туку за ликови на супер гледаната драма на ШоутајмМилијарди (Билионс), чија втора сезона премиерно почнува на домашната стриминг видеотека Пикбокс (Pickbox) на 20.2. Првиот актер во приказнава се вика Боби Акселрод – харизматичен лик и шармер, кој за малку ќе беше жртва на нападите на њујоршките кули близначки на 11.9., а го портретира секогаш одличниот Демијан Луис. Лицето на правдата го претставува Чак Роадс, човек со длабоки подочници, со садомазо пороци, со не толку добар карактер, а вистинската личност која се крие зад оваа улога е застрашувачки уверливиот Пол Џијамати.

Војната за доминација продолжува

Оние коишто ги следеа Милијарди во првата сезона, беа сведоци на возбудливата игра на мачката и глушецот на двајца моќни мажи – финансискиот могул и неверојатно надарениот њујоршки адвокат. Она што за адвокатот Роадс започнува како ситна опсесија, се претвора во психотична преокупација којашто има за цел само едно: Боби Акселрод да биде приведен пред очите на правдата. И тоа по секоја цена, па макар и да мора илегално да се дојде до инкриминирачки докази.

Во првата сезона не недостасуваа ситуации во кои ни се чинеше дека Луис и Џијамати буквално ќе се искубат за коса, но бидејќи напнатоста меѓу нив двајца се прекрасно драматуршки исполирани, никогаш не дојде до вистинска експлозија, туку агонијата на надмудрувањето едноставно се пролонгираше од епизода во епизода.

Серијата, сè на сè, ја гледале преку 6,5 милиони луѓе, а одличните оцени од критиката и публиката сигурно ветуваат уште неколку добри сезони.

Помалку Мусолини, повеќе Макијавели

Што се однесува до втората сезона на Милијарди, самиот Џијамати вели дека неговиот лик станува уште попресметлив одошто во првата сезона. „Мојот лик, а во некоја рака и самата серија, помалку е Мусолини, а повеќе Макијавели“. Што значи дека во наредните епизоди од ликовите можеме да очекуваме „помалку бруталност, а повеќе стратешки потези“.

„Во нив се гледа ранливоста“, додава Демијан Луис. „Таа ранливост и кршливост станува товар во обидот да победат во оваа игра“.

Играта за која зборува Луис можеби звучи несериозно, но за двајцата актери влоговите се големи. Иако во финалето на првата сезона адвокатот Роадс нагласува дека нема што да загуби во оваа пресметка, неговиот влог секако не се парите и привилегираниот живот како оној на Аксел, туку семејството и адвокатската кариера, која со секој следен потег му се лизга од рацете.

За да не биде сè мачо борба на двајца мажјаци, тука се и двете впечатливи женски лица кои во серијата можеби играат споредна улога, но во животите на Аксел и Чак Роадс имаат главни улоги. Се работи за сопругата на Аксел, Лара (Малин Каерман), како и за сопругата на Роадс, Венди (Меги Сиф), жени коишто ги влечат одлучувачките потези, тргуваат со тајни и вешто балансираат помеѓу легалниот и илегалниот свет.


Што чекате, земете ги милијардите

Ако го сакавте или барем со малку немир во срцето го гледавте Волкот од Вол стрит, сигурно ќе ја сакате и оваа првокласна Вол стрит драма која одлично ја носат Луис и Џијамати, ја надополнуваат Меги Сиф и Малин Акерман, а која сигурно ќе ви го смени мислењето за парите, луѓето коишто ги имаат во големи количества и нивната улога во општеството.

Со оглед дека првата сезона на некоја серија никогаш не била рангирана толку добро на Шоутајм, вложете малку од своето слободно време и нема да зажалите. Милијардите само што не стигнале, ваше е само да ги земете.

Видео најава


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година