19 Април, 2024
0.0481

ДОКТОРСКИ СОВЕТИ: Помагаат ли маските во заштита од загадениот воздух?

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Секоја година кога ќе дојде зимската сезона, дишеме на шкрги. Воздухот уриваше рекорди на загаденост и деновите кои се зад нас. Дождот и временските прилики се сожалија и маглата која дополнително „не убиваше“ пред три дена се расчисти.

Со цел да се заштитат граѓаните бараат чаре и во маските, но колку тие всушност можат да ни помогнат?

Оваа тема лани истиот период ја третиравме со асс.др.супспец.пулмоалерголог Сава Пејковска од Клиниката за пулмологија и алергологија која ни даде совети како да се заштитиме кога воздухот е најзагаден и колку оваа состојба може да има долгорочни негативни последици врз здравјето.

Иако не можеме целосно да се заштитиме од загадениот воздух во градските средини, сепак неколку корисни совети од експертите ќе помогнат да го минимизираме внесот на штетните честички во нашиот организам.

Д-р Пејковска ги предлага овие мерки:

1. Следете го нивото на загадување во вашето населено место и доколку е над дозволените граници, надвор движете се само доколку е неопходно и носете маска со филтер.

2. Избегнувајте движење, трчање и вежбање во периодите кога нивото на загаденоста на воздухот е високо. Потребно е нашите читатели да знаат дека загадувањето на воздухот во текот на денот е највисоко во периодот од 11-18 часот, па затоа доколку планирате какви било активности најдобро е истите да се извршат рано наутро или доцна навечер.

3.Избегнувајте физичка активност во близина на сообраќајници со голема концентрација на возила, особено во периодите со погуст сообраќај. Познато е дека прометните автопати го загадуваат воздухот во пречник од 1км.

4.Формирајте здрави навики. Не користете автомобил доколку се работи за блиска дестинација. Препорачливо е пешачење или возење велосипед.

5. Не смее да се гори отпад бидејќи во голем процент придонесува за загадување на воздухот.

6. Не користете фосилни горива(нафта, прегорено автомобилско масло, јаглен, ќумур и сл.) за загревање на ваште домови.

7.  Не дозволувајте пушење во просториите во кои престојувате. 

Се почесто се користат маски против загадениот воздух. Може ли да ни дадете совети како правилно да се употребуваат?

Во моментов во Македонија се употребуваат повеќе видови на маски како заштита од воздушното загадување (хируршки, со активен јаглен) но, само неколку сертифицирани  за таа намена се ефикасни.

Маската не смее да пропушта партикли поголеми од 2.5-3 микрони, заради тоа што најштетни воздушни партикли се со големина од 2.5 микрони.Маските само со активен јаглен не штитат од партикли туку тие се наменети за заштита од хемикалии.За маската е важно:мора добро да налегнува на лицето, и најмал простор кој пропушта воздух ја прави маската неефикасна, за скопската средина се препорачува маска со N95,N99,FFP2,FFP3 стандард, доколку носите очила и истите се замаглуваат значи дека маската пропушта нефилтриран воздух, доколку маската има валвула таа полесно налегнува и помали се шансите да пропушта нефилтриран воздух.

Маските за еднократна употреба можат да се употребуваат се додека може лесно да се дише преку нив, а тоа е околу 10-30 часа ефективно користење, иако често производителите препорачуваат почеста замена. Маските за повеќекратна употреба содржат филтер кој може да се замени со нов, а се одржува со перење.

За подетални информации во врска со набавка на маски за заштита од аерозагадување, читателите можат да се обратат на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден