20 Април, 2024
0.0257

Донација на Филип Морис ТКП го помогна реновирањето на ОУ Коле Неделковски

Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Новата школска година во ОУ Коле Неделковски, учениците ја започнаа во комплетно реновирана зграда резултат на донацијата од Филип Морис ТКП. Нови врати, замена на старите оштетени подови и свежо варосани ѕидови, реновирана училишна библиотека како и нова ограда околу игралиштето е дел од оваа вредна донација. Дополнително, со донираните средства училница за децата од второ одделение е опремена со нови клупи, столови, плакари, лаптоп, прожектор и „паметна“ табла. Целта на донацијата е подобрување и модернизација на условите за учење и за предавање на наставните содржини, изјавуваат од Филип Морис ТКП.

Образование е сегмент во кој што треба постојано да се вложува и каде лежат темелите на една здраво вредносно поставена заедница. Токму на ова се надоврзува и нашата заложба како компанија да помогнеме и да го стимулираме развојот на целокупното општество со акцент на образованието. Веруваме дека поддршката од бизнис секторот посебно во образованието од каде образовани млади луѓе и идни вработени доаѓаат, ќе иницира и провоцира уште поголеми промени и ќе придонесат за развој на многу прогресивни идеи. Затоа, со реновирана училишна зграда и нова опрема на учениците им посакуваме успешна школска година“, изјави Михаел Солтер, Генерален директор на Филип Морис ТКП.

За значењето на донацијата за училиштето говореше и директорката на училиштето Светлана Масларевска, „Образованието се соочува со многу и различни предизвици и затоа е посебно значајно кога бизнис секторот своето внимание ќе го фокусира на важноста на овој општествен сегмент. Донацијата од Филип Морис ТКП е значајна од повеќе аспекти, пред сè обемноста и тоа што придонесе за комплетно да се смени внатрешниот изглед на училишната зграда, да се опремат училниците со нова опрема и значително да се унапредат условите за работа и за учење. Не помалку значајно е тоа што убавата слика што учениците ја добиваат на првиот училишен ден, секогаш има позитивен ефект врз нивниот понатамошен пристап и перцепцијата на одењето во училиште.“

комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга