Доналд Трамп лаже дека е мултимилијардер
Објавено во: Економија 20 Ноември, 2017
Доналд Трамп долги години се фалеше со неговата компанија чиј примат се инвестиции во недвижности иако севкупно имаше голем број на пропаднати проекти, затворени хотели и клубови, неуспешни инвестиции во алкохолни пијалоци, универзитет измама за кој има пресуда со спогодба за оштета на студентите, пропадната авио компанија, пропаднат магазин и бизнис со месни производи.
Трамп во своите јавни настапи тврди дека има нето вредност од над 10 милијарди долари и често го обвинува магазинот Форбс дека намерно го спушта на листата на најбогати со неточни податоци. Сепак, Трамп е првиот американски претседател кој не го почитува законот за приказ на финансиската состојба и веќе година дена одбива да ја открие даночната пријава од која ќе се видат сите негови приходи и расходи бидејќи тврди дека е под истрага на даночните власти и процедурата е во тек.
Според новото истражување на новинарот Арон Елјстин организацијата на Трамп лаже дека во 2016 генерирала приходи од 9.5 милијарди долари. Вистинската бројка според федералните документи е на околу 700 милиони долари што е значителна разлика од „фантазиите“ на Трамп.
Кулите, хотелите и голф клубовите на Трамп имаат пад од околу 25% на вредноста, како и на цените за изнајмување на простор или услуги што дополнително ќе го срони неговиот бизнис.