29 Март, 2024
0.0261

Доналд Трамп се заколна како нов претседател - Америка на прво место

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Доналд Џон Трамп со положувањето на свечена заклетва ја презеде функцијата претседател на САД и го замени Барак Обама кој остана да ја проследи инаигурацијата пред Капитол Хил. Како што се очекуваше Трамп се обиде да даде говор кој по изборите треба да ја обедине разединетата нација, а се осврна на неколку клучни точки економијата, безбедноста и меѓународната позиција. 

„Демократијата ви ја враќаме вам, на луѓето на САД, сите неправди кои ги трпевте минатите години ќе ги надминеме. Ќе ги вратиме работните места, ќе го вратиме економскиот просперитет и лидерството. Од денес САД е ваша земја. Од денес народот повторно ќе владее со својата земја“, посочи Трамп.

„Ќе ја вратиме безбедноста во државата, целосно ќе ја отстраниме заканата од радикалниот исламизам. Кога САД е безбедна држава таа може да биде лидер во светот и да им помогне и на останатите, но ние на никого нема да му го наметнеме нашиот начин на живот. На армијата на САД и на ветераните ќе им го вратиме достоинството и ќе вложиме многу повеќе во нашата одбрана, но на прво место ќе биде Америка, а потоа нашите сојузници или останати држави со кои сакаме да имаме добри односи, не непријателства“, рече Трамп за глобалната закана од тероризмот.

Во делот на економијата Трамп побара да се вреднуваат американските производи и американските работници, под негово водство ќе се возобнови американското производство, ќе се отвараат нови фабрики наместо тие да се селат во странство. 

Трамп најави и голема борба со криминалот, вели: Имаме едноставни барања, кои се однесуваат на праведните луѓе, семејства се заглавени во сиромаштија во многу делови на САД, образованието не е достапно за сите, дрогите и криминалот одзедоа премногу животи и потенцијал. Тоа ќе престане овде и сега, вети Трамп во воведниот говор.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?