Дончев oткрива дека фирма на кумот на Груевски увезувала фалсификувани лекови
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2017
Турската полиција уште пред две години предупредила за подземни капацитети во Турција што произведуваат лекови за македонскиот пазар. Овие лекови, произведени од сомнителен извор, а спакувани во амбалажи од оригинаторите, доаѓаат во Македонија преку т.н. паралелен увоз. Уште пострашно, доаѓаат без каков било сертификат за квалитет затоа што законската одредба е укината во 2013 година – објавува „Фокус“.
Овие информации за паралелниот увоз на лекови во интервју за „Фокус“ ги изнесува директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев.
„Три фирми што контролираат над 50 отсто од пазарот на паралелен увоз и се директно во кумска и роднинска релација со претходниот премиер Никола Груевски“ - вели тој.
Дончев говори и за пет стратешки прашања за здравствениот систем.