28 Март, 2024
0.0264

Донг Минжу: Запознајте ја најуспешната жена во кинескиот бизнис која 27 години не користела одмор!

Објавено во: Финансии 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Можете ли да замислите да работите постојано, без никаква одмор или слободен ден? Не, нели? Е, не таков е случајот со 61-годишната Донг Минжу, која се смета за најуспешна бизнис дама во Кина. За целиот свој работен стаж од 27 години таа не користела ниту еден ден одмор.

Донг е на чело на компанијата за климатизација „Gree Electric“, чиј бизнис е во вредност од 22 милијарди долари. Родена е во 1954 година и е најмала од 7 деца во семејството. Како дете сонувала кога ќе порасне, да стане војник.

По завршувањето на образованието во 1975 година, започнала со работа во државната администрација кон хемиска лабораторија. Работи таму 15 години.

Во 1990 година, кога веќе била 36-годишна и станала вдовица, одлучила да се пресели во Зухаи - поразвиен економски дел на Кина, за да бара подобра работа. Тогаш започнува работа во компанијата „Haley“, која потоа се претвора во „Gree Electric“ и од овој ден е секогаш на работното место - буквално и фигуративно.

Ја искачува хиерархиска скала од најниско до највисокото ниво. Во 1994 година е раководител на продажба во компанијата. Кога во 1996 година „Gree Electric“ излегува на берзата, Донг веќе е потпретседател.

Денес, откако долги години е на чело, таа ја претворила „Gree“ во најголемата компанија во светот во областа на домашните климатизациски системи. Под нејзино раководство продажбата на компанијата преминува онлајн, што се одразува силно на профитот. Откако е на чело, акциите на компанијата се зголемуваат за 2.300%, што и носи 12 милијарди долари приходи годишно.

Донг е позната по тоа што е тврда во бизнисот, а исто така и работи напорно и ја освоила лојалноста на над 70-те илјади вработени на компанијата.

Паралелно со работата, таа успеала да издаде и 2 книги. Нејзината автобиографија издадена во 2006 година, и која го носи името „Relentless Pursuit“ (тежнение), е претворена во популарна телевизиска серија.

Но фокусот на работата има и своја цена за Донг. Кога нејзиниот син имач само 12 години, таа го оставила да се прибира сам од аеродромот со автобус, бидејќи немала време да го пречека. И покрај недостатокот на време за одмор и дури за нејзините најблиски, бизнис дамата одбива да се извини за тоа, ставајќи ја работата на прво место. Вели дека не се омажила повторно, бидејќи ја цени независноста.

А за паузата, тврди дека ќе има доволно време за неа, кога се повлече од бизнисот и се пензионира.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“