25 Април, 2024
0.0323

ДОСИЕ ГРУЕВСКИ: Од реформатор, преку популист, до губитник?

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Полн со амбиции, технократски ориентиран, со најави за реформи во интерес за сите граѓани, заедно со изградба на правично и праведно општество, 26 годишниот Никола Груевски, во далечната 1998 година ја започнува својата министерска кариера, како дел од владата на Вмро Дпмне, предводено од Љубчо Георгиевски. Најпрво како Министер за трговија а подоцна и како прв финансиер. Еден од првите потези на младиот и амбициозен министер ќе биде заштита на македонскиот бренд, преку популарната кампања „Купувајте македонски производи“ и кампањата „Македонија вечна“. Овие потези кои го заголицаа националното чувство, ќе бидат вовед и предвесник за големи следни чекори на младиот реформатор. Но, од позиција на премиер, големите идеали и визии, наскоро, по фијаското на НАТО Самитот во 2008, целосно ќе бидат трансформирани и заменети со нови – обоени со национализам, во пакет со промоцијата на мега проектот Скопје 2014.

Почеток на еден амбицизен млад министер .

Премиер кој успеа да остане станар на Илинденска бб најдолг временски период, човек кој воспостави централизација, и на државно и на партиско ниво, личност која остави траен белег – преку Проект Скопје 2014 и го покажа дека популизмот е моќно оружје за владеење. Со различни оценки и коментари се дочека најавата за оставка на лидерот на Вмро-Дпмне Никола Груевски. На чело на партијата е скоро 15 години, односно од мај 2003 година.


„За политичката фигура на Никола Груевски може да се размислува на многу нивоа, но заедничкиот содржател на сите е податокот дека во историјата ќе влезе како премиер кој најдолго седел во фотељата на Илинденска ББ. Како за политичар, не може да се оспори тој успех ако се земе предвид конгломератот на политичката апаратура која тој ја водеше. Зад општествено политичкиот амбиент во кој мега спинот наречен " Ја губиме Македонија, само јас можам да ја спасам“ изгради кула Вавилонска која за жал на историјата, кога еден ден ќе се изучува, ќе суди времето, во интерес на вистината а таа вели дека кулата била од стиропор и евтини материјали“ – вели аналитичарот, колумнист Агим Јонуз.

Никола Груевски, најпрво како Министер за трговија, а подоцна и како Министер за финансии, го привлекува вниманието на јавноста со неколку потези. Како прв финансиер, седнувајќи во министерската фотеља во 1999 година, прави неколку чекори и носи одлуки кои ќе бидат пресудни и за вкупната економија. Груевски го воведува Данокот на додадена вредност и го отвора процесот на денационализација на националниот имот во периодот од 1945-1990 година. Во спроведување на економските реформи, на почетокот, влегува во сојузништво со меѓународните финансиски институции и кредитори.

Преземање на лидерската позиција во Вмро Дпмне …

Паралелно со министерувањето, Груевски веќе се подготвува и за лидерство на Вмро Дпмне. Клучен период за него ќе биде оној по парламентарните избори во 2002 година, кога партијата на тогашниот лидер Љубчо Георгиевски минува низ премрежја. Во мај, 2003 Груевски застанува на чело на партијата, но по изборната загуба на претседателските избори, тој успева да го „преживее“ внатрепартискиот пуч што требаше да почне и да заврши во скопска „Панорама“ - со негово разрешување. Од тогаш, моќта на Грувески се устоличува. Особено, како премиер од 2006 година.

„На крилата и во занесот на катарзата на национал романтичнио маркетинг, создаде култ на македонски патриот кој е сурово едноличен по прашање на дозволивост да се размислува поинаку. Тоа резултираше со историско неповторлив момент на пола нација патриоти а останатата предавници.“ – вели аналитичарот Јонуз.

Афери, инвестиции, апсења …

„Ерата“ на владеење, Груевски ја обои и економски и политички. Но и националистички. Тој посегна по даночни промени, воведувајќи го рамниот данок, а во 2007 година го воскреснува замрениот проект „Слободни економски зони“ – по што следува широка и агресивна кампања а многу фронтови за привлекување на странски инвестиции. Десет години подоцна, јавноста побара одговор на бројни прашања што под превезот на политиките за привлекување на странски инвестиции, останаа без одговор. Колку не чинеа тие странски инвеститори, што им дадовме, а што добивме и на крајот – зошто сето тоа се случуваше зад завесата на транспарентност.

Никола Груевски, лидерот на Вмро – Дпмне, според аналитичарите, несомнено остава траен белег и на државничко и на партиско ниво.

„Неговото владеење ќе остане забележено по однос на тоа дека се што кажа се излажа, по невидените манипулации со народните маси со помош на корумпираните медиуми, по невидениот криминал и алчноста, по политичките монтировки на неистомислениците, по невидената партизација и политизација на општеството како и невидената поделба на граѓаните по сите основи. Она со кое во иднина ке се занимаваат психолозите како и политиколозите е леснотијата со која беа заведени народните маси од страна на еден просечен човек како и страво почитта која успеа да им ја влее на неговите поблиски и подалечни соработници“ - вели универзитетскиот професор Јове Кекеновски.

Ерата на владеење на Грувески ја одбележуваат серија на апсења кои ќе остават длабоки траги – дел од нив оценети и забележани во меѓународните извештаи како политички. Во затвор заврши неговиот сопартиец Љубе Бошковски, чиј случај сега повторно се отвора, преку СЈО. Во време на владеење на Груевски се случи и најголемата медиумска поларизација, но и „егзекуција“. Само во еден ден на „Перо Наков“ се затворија четири медиуми, меѓу нив и тогаш водечката А1 Телевизија, критичар на тогашните владини политики. Власта предводена од Груевски спроведе и неколку пошироки операции на апсења „Змиско око 1 и 2“, „Фаланга“, „Детонатор“, во затвор заврши новинарот Томислав Кежаровски, лисици на раце се ставија на доктори. Дел од овие случаи се адресираа и до судот во Стразбур–таму се бара правдата.

Технички, почетокот на падот на премиерот Никола Груевски започнува во февруари 2015 година. Објавен е првата „политичка бомба“ од страна на тогашната опозициска СДСМ. Процесот на објавување на незаконски прислушуваните материјали, почна и траеше. Но Груевски не попушти – напротив објави војна на „предавниците - домашни и странски“. Сепак, како дел од Пржинскиот договор, во јануари 2016 година, Грувески поднесува оставка од функцијата премиер.

„Ова е важен чекор за мојата верба во вас, граѓаните на Македонија. Мојот план е да бидам постојано со вас, да споделуваме идеи и планови проекти и чекори што дополнително да направиме, заеднички ќе обзнаниме една нова ера, визија за подобра иднина. Јас верувам во вас и во Македонија. Одиме напред, заедно рамо до рамо, секој ден до денот на изборите, кога гордо ќе кажеме дека успеавме“, рече Груевски во говорот во кој ја најави оставката.

Кулата од карти

По одлуката за повлекување од Илинденска бб, следува период во кој полека, но сигурно се урива „кулата од карти“.

„Во рамките на политичката зрелост покажа совршенство во менаџирањето на националните чувства, се до моментот кога веќе транспарентноста на мега криминалите и аферите врзани за столбовите на неговиот подем и успех не ја срушија таа кула како најобична кула од карти. Се покажа дека не е од карти, туку специфичноста која ке го краси античкиот македонски портрет е создаден многу отворени прашања за кои долго ке се дискутира“ – вели колумнистот Агим Јонуз.

Екс премерот Никола Груевски, сега е дел од бројни истраги што ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Често изјавува дека процесите се политички монтирани и дека не чувствува вина. Неодамна ја најави својата оставка и од лидерската позиција во Вмро Дпмне. Во новото продолжение „Досие Груевски“ – за почетокот на падот на досега неприкосновениот партиски лидер.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини