24 Април, 2024
0.0283

ДОСИЕ: Кој е Марко Зврлевски?

Објавено во: Македонија 17 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Пратениците во Собранието попладнево со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, по 12 продолженија на седницата, го разрешија јавниот обвинител, Марко Зврлевски. 

Пратениците од владејачкото мнозинство одлуката за разрешување на Зврлевски ја поздравија со аплауз.

Нивните колеги од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, затоа што сметаат дека разрешувањето е незаконско. 

Тие се повикуваат на мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско.

Предлогот на Владата за разрешување на Зврлевски беше ставен на дневен ред во Собранието на 12 јули, а дискусијата траеше се до вчера, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од понатамошна расправа откако стигна мислењето на Антикорупциската комисија.

Власта планира реформи во судството, а на Зврлевски му забележаа дека не работел професионално. 

БИОГРАФИЈА

Марко Зврлевски е роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Посетувал постдипломски студии од областа на граѓанското право на Правниот факултет – Јустинијан Први при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Работното искуство го започнува како учесник во Проект „Обичајното право како извор на правото“ при Македонската академија на науките и уметностите (1988-1989), по што кратко време работи како новинар во Македонската радио телевизија. Од приправник по правна струка во тогашното Општинско јавно обвинителство во Скопје (1989-1991), преку стручен соработник (1991-1998), адвокат од областа на казненото право (1998-2000), заменик-јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Скопје; (2000-2005), Зврлевски речиси целата своја кариера ѝ ја посветил на јавнообвинителската работа. Во декември 2005 година е распореден во Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, а по трансформирањето на одделението, е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од ноември 2009 до јануари 2013 година како Основен јавен обвинител раководи со Основното јавно обвинителство – Скопје. Ова е дел од биографијата која е објавена на веб сајтот на Јавното обвинителство. 

ЗВРЛЕВСКИ СЕ СПОМЕНУВА И ВО „БОМБИТЕ“

Марко Зврлевски е на функцијата јавен обвинител од 2013 година, а на оваа позиција дојде од одделението за организиран криминал и корупција.  

Зврлевски беше изложен на критики за неажурност и селективност. За случаи кои ги обелоденуваше СДСМ како опозиција во кои беа вмешани високи функционери на претходната владејачка гарнитура, Јавното обвинителство беше пасивно. 

Зврлевски се споменува и во „бомбите“. За него разговараат министри во Владата. Од разговорите се покажува влијанието врз него за отфрлање на кривична пријава против екс министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Разрешениот Зврлевски во медиумите често беше опишуван како последен бастион на режимот на Груевски и како обвинител кој се поврзува со фамилијата. 

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи