20 Април, 2024
0.1556

Досие „Космос“: Ќе се реализира ли сонот на Цаноски?

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Мини град со околу 4.000 жители, модерен станбено-деловен центар од затворен тип со 24-часовна услуга, ротирачки ресторан на кровот.... Ќе стане ли некогаш сонот на Фијат Цаноски реалност? Кога почна да се гради, на почетокот од 2011 година, планот беше комплексот „Космос“ да биде завршен на 31.12.2012 година. Но, уште лани летото кога објектот беше срушен со динамит поради наводни отстапки во градбата во однос на добиената градежна дозвола, што ги утврдила општината Гази Баба, беше јасно дека рокот нема да биде испочитуван. Денес, година и пол по тие драматични случувања, работата е одново на почеток. Цаноски, објави дека поставил нов камен-темелник и дека започнува со нова изградба. - Одобрението за градба го имаме, комуналиите се целосно платени и нашите планови се до крајот на идната година објектот да биде изграден. Постапивме по сите решенија и наредби од Општина Гази Баба и објектот го сведовме до бараното ниво. Останува неправдата која што ја претрпе компанијата ФИНЕ од страна на градоначалникот и неовластената инспекторка, за што судските органи ќе го кажат својот збор. Штетата што ја утврдија еминентни домашни и странски вештаци преку своите експертизи изнесува повеќе од 35 милиони евра - изјави Цаноски. Ова е не прва најава на сопственикот на „Космос“ дека објектот ќе се гради, а на терен досега беше расчистен градежниот шут од разнесените столбови и плочи. Сепак, оваа најава е сериозен исчекор, затоа што, за прв пат јавно се изјасни сопственикот Цаноски, а верификација на тие најави ќе треба да бидат првите кренати силуети на градежниот гигант, веројатно наскоро. Станови во комплексот имаат уплатено педесетина семејства, од кои некои беа обесштетени, а други трпеливо го чекаа стартот на изградбата. Сега се надеваат дека работата навистина тргнала. Што тргна наопаку? Реализацијата на овој, за македонски услови, мега-проект одеше според планираното се до моментот кога сватот на Цаноски, Велија Рамковски, не беше уапсен во декември 2010 година. Потоа, откако во јавноста се појавија шпекулации дека Цаноски финансиски ја помага А1 телевизија, почнаа проблемите за пратеникот и сопственик на универзитетот ФОН. Прво му беше одземена градежната дозвола, која потоа, како што самиот изјави, му била вратена по интервенција на премиерот Груевски. Но, добрите односи меѓу тогаш коалиционите партнери не траеја многу. Откако стана јасно дека ќе има предвремени избори, почнаа партиските прегрупирања, по кои Цаноски и Груевски се најдоа на различни страни. Токму преоѓањето во опозициската коалиција, Цаноски го смета за вистинска причина за уривањето на „Космос“, кое започна на 1 август 2011 година, само неколку недели по новата победа на ВМРО-ДПМНЕ. „Уривањето на деловно-станбениот објект Космос е пресметка на власта со политичките неистомисленици. Со ова  власта сака да  втера страв во коски на сите“, рече Цаноски во интервју за порталот „Скај Македонија“. Но, она што тој никогаш го нема јавно загатнато се односите со ДУИ. Ако се има во предвид дека тој беше на само чекор до коалиција со Ахмети, која ја откажа во последен момент, лесно може да се претпостави дека и ДУИ „благонакло“ гледала на идејата за пресметка со него. Особено што Ахмети сметаше дека е „изигран“ со тоа што прифати промени на границите на изборните единици 5. и 6. наводно за Цаноски да има уште еден пратеник во „петката“. Во дел од шпекулациите за уривањето на „Космос“ остана и можноста дека освен политичките причини, на кои посочија дури и меѓународните институции, стојат и бизнис интересите на конкуренцијата. Инаку, формалното објаснување за рушењето на „Космос“ беше дека објектот бил за еден метар и 43 сантиметри повисок од предвиденото. Во моментот кога градбата беше сопрена, објектот имаше 6 ката од предвидени 17, што значи дека државата го сруши поради претпоставена штета, која ќе ја претрпеше дури откако ќе беше изграден и последниот кат. Цаноски бараше корекција на проектот, предвидена со законот додека трае градбата, но не му беше дозволена.  Државата преку своите институции, а особено преку настапот во Собранието на инспекторката задолжена за уривањето,  невешто ја бранеше одлуката за уривање, што остави горчлив впечаток во јавноста дека се делува грубо и селективно. Уште повеќе, „Космос“  беше срушен во моменти кога во полн ек беше акцијата за легализација на дивоградбите. Нејсе, целиот случај е на суд и правната држава ќе има доволно време одново да се изјасни за овој случај. Кога ќе се изгради.... Доколку најавите за скоро реализирање на проектот се остварат, Скопје ќе го добие првиот модерен објект од другата страна на Вардар, во населбата Ќерамидница, која, иако е на само 3 километри од центарот на главниот град, се уште не е урбанизирана. Предвидена е новопроектирана улица од саем покрај Вардар до мостот „Близнаци“ кај ФОН, како и мост, кој ќе оди од свиокот кај салата „Јане Сандански“. Самиот комплекс, според проектот,  ќе ја има големата зграда-седумнаесеткатница, поделена на пет ламели, и помалата зграда, која ќе биде поставена полукружно. Двете згради заедно ќе имаат околу 560 стана. Поголемата зграда зафаќа бруто-површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Изградбата на комплексот ќе чини околу 30 милиони евра. На долните катови од големата зграда предвидени се деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат беше предвиден луксузен ротирачки ресторан со површина од 1.500.до 2.000 квадратни метри од кој ќе може да се гледа целата панорама на Скопје. Во средишниот дел на овој последен кат ќе бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите. Ќе има и детска градинка. Меѓу двете згради, кои ќе бидат оддалечени 120 метри, ќе има парк и шеталиште. Паркирањето е решено со две подземни гаражи од по два ката под подрумите на зградите, а странично од комплексот е предвидена и гаража на два ката со околу 562 паркинг-места, така што ќе бидат задоволени потребите на станарите. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?