22 Јули, 2017
0.1847

Досие Максути-Мајорот кој салутираше во Слупчане, го „преживеа“ Димитриев и пак е во одбрана

Објавено во: Анализа 13 Јуни, 2017

Беким Максути е еден од ретките владини функционери кој нема да се сели од својата канцеларија. Тој повторно е предложен од ДУИ како кандидат за заменик министер во одбрана, веднаш под новата министерка Радмила Шекеринска. Беким Максути има долга кариера во АРМ и одбраната на Република Македонија, но токму како мајор со армиска униформа салутираше пред споменик на паднати борци на УЧК во 2012-та.

За да биде поинтересно токму во 2012-та заменик министер за одбрана беше Емил Димитриев, човекот кој потоа како премиер имаше само „техничка“ задача лани да го достави предлог составот за новите министри и заменици на ДУИ кои стапија на сила откако беше постигнат политички договор. 

„Нарушување на работната дисциплина во која било институција не е дозволено и е казниво. Дисциплинскиот престап во Армијата не само што не е дозволен, туку претставува прекршување на едно од основните начела на функционирање на оваа институција. Оттука очекувано, оправдано и основано е поведувањето на дисциплинска одговорност за униформираните лица на АРМ без разлика на чинот и должноста што ја имаат. Членот 2 од Законот за служба во Армијата многу прецизно дефинира што претставува вршење служба во Армијата и буквално ги вбројува сите униформирани лица без разлика каде се вработени, во Министерството или во армијата, значи никој не е изземен од одговорност што носи униформа. Повеќе од петнаесетина члена од законот ја уредуваат дисциплинската одговорност, и во конкретниот случај од настанот во Слупчане има повеќе основи за поведување дисциплинска одговорност. Првите чекори за поведување постапка кон овие лица се преземени и лично очекувам соодветно да бидат казнети“, изјави тогаш Димитриев.

Димитриев пред една година одби да го потпише предлогот на Максути за заменик министер за одбрана, но Али Ахмети се побуни кај некогашниот владин партнер и ВМРО-ДПМНЕ мораше да се согласи со кандидатурата на Максути.

Во Слупчане, пред споменикот на УЧК во униформи на АРМ салутираа мајор Беким Максути, раководител на сектор за меѓународна соработка во Министерството за одбрана, капетанот Хајрула Аслани од секторот за логистика, постариот водник Фатмир Рамадани од логистика во АРМ и воениот полицаец, професионален војник Беким Љатифи.  Сите тогаш беа дел од кабинетот на министерот за одбрана Бесими или беа на задача во Министерството.

Од првиот мандат на Беким Максути како заменик министер за одбрана се издвојува неговата посета на Косовските заштитни сили, па тогаш го истакна следново:

- Република Македонија во Косово препознава партнер и поддржувач кој ги споделува заедничките вредности како мирот, демократијата и еднаквоста.

Максути има и богата кариера во АРМ, учесник е на два пати во мисијата на НАТО „Слобода за Ирак“, бил во официјалната делегација на Самитите на НАТО, а има извршувано и повеќе професорски активности на воената академија, државните и приватните факултети во земјава и регионот како и повеќе функции во самото министерство за одбрана во изминативе петнаесетина години.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Кои се домашните акционери кои земаа над 100.000 евра од дивиденди?

Кои се домашните акционери кои земаа над 100.000 евра од дивиденди?

Какви законски промени се „крчкаат“ за полагање за возачка?

Какви законски промени се „крчкаат“ за полагање за возачка?

Колкава загуба „сработе“ менаџерот Марјан Додовски во Еурокомпозит Прилеп?

Колкава загуба „сработе“ менаџерот Марјан Додовски во Еурокомпозит Прилеп?

Анализа: Колку се успешни најдобрите бизнис адвокатски друштва во Македонија?

Анализа: Колку се успешни најдобрите бизнис адвокатски друштва во Македонија?

Како глупоста на Доналд Трамп Џуниор ќе го доведе татко му до импичмент

Како глупоста на Доналд Трамп Џуниор ќе го доведе татко му до импичмент

Дали 40 отсто од профитот на „Макпетрол“ е од продажба на сладоледи, смоки, чоколади?

Дали 40 отсто од профитот на „Макпетрол“ е од продажба на сладоледи, смоки, чоколади?

Груевски си „свирка“ - Бавната правда во корист до локалните избори

Груевски си „свирка“ - Бавната правда во корист до локалните избори

Кои се, јавно, најплатените директори во земјава?

Кои се, јавно, најплатените директори во земјава?

Анализа: Нема оправдување за некористење на детски седишта во автомобил

Анализа: Нема оправдување за некористење на детски седишта во автомобил