16 Април, 2024
0.0251

ДОСИЕ Скопје 2014: Ќе има ли и нови осомничени?

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Постапката против Канчевска Милевска и останатите осомничени во Скопје 2014, отвора многу прашања, за тоа како во иднина ќе се водат процесите. Дали ќе има и нови осомничени, за нови дела? Комисијата што го изготви ревизорскиот извештај за Скопје 2014, составена од Драган Малиновски и Слаѓана Тасева, регистрираше низа неправилности во однос на спроведувањето на тендерските постапки, договорите меѓу авторите и општината, фаворизирање на одредени компании, учество на тендер без банкарски гаранции, нерегуларни контроли за реализацијата и генерално сериозно прекршување на Законот за јавни набавки. 

Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски очекува дека СЈО ја овозможи долгоочекуваната институционална разврска на сомневањата за сериозни прекршувања на законот при реализацијата на проектот Скопје 2014. 

„Во двата извештаи, кои со колешката Слаѓана Тасева ги изготвивме за потребите на Општина Центар, содржани се констатации за бројни незаконитости во постапката за поставување на спомениците на територијата на оваа општина. Прекршување на законот се евидентира во сите фази од реализацијата на тој проект, почнувајќи од немањето на надлежност на општината за поставување на овие споменици, начинот на договарање на авторските хонорари, па се до финалното лиење на спомениците. Договарањето со авторите се одвивало без јасно дефинирани критериуми, при што од страна на општината биле прифаќани нејасно специфицирани и непроверливи трошоци во огромни износи. Во делот на лиењето на спомениците, констатиравме очиглено фаворизирање на одредени леарници, главно од Италија, кои имале значително поскапи понуди, а што резултира со штета по буџетот на општината од околу 8 милиони евра. Не би навлегувал во причините поради кои во изминатите три години Јавното обвинителство не постапуваше по овој предмет, но сметам дека токму таквото непостапување беше и една од причините за формирањето на СЈО“, рече неодамна за Фактор Малиновски. 

Што беше констатирано во првиот Извештај за ревизија за Скопје 2014? 

Во август 2013 година Комисијата го обелодени првиот Извештај за ревизија на Проектот “Скопје 2014”. Тогаш беше констатириано дека во периодот од 2007 до 2013 година, за изведбата на спомениците и пропратните содржини од централниот буџет се префрлени на сметката на Општина Центар вкупно околу 58 милиони евра, за кои според Комисијата нема законска оправданост, бидејќи законски пари можат да се префрлаат во локалните буџети само доколку се градат капитални објекти. 

Регистрирани беа слични неправилности од типот на билдани суми за спомениците кои се разликуваат од веќе договорените суми, нерегуларни тендери. Како најмаркантен пример беше за споменикот на Никола Карев пред Собранието, кој според документацијата е лиен од мермер за 45 милиони денари, а по увидот е востановено дека споменикот е направен од бронза која требало да чини 5 милиони денари. Фаворизирани фирми, договори во четири очи, што беше констатирано во вториот Извештај за ревизија за Скопје 2014? 

Во вториот Извештај за ревизија за Скопје 2014 беше констатирано дека во неколку наврати се елиминирале конкурентските фирми, со што буџетот на Општина Центар бил оштетен со осум милиони евра. - Голем дел од постапките за избор на фирми за лиење и изработка во мермер на споменици и релјефи биле спорведувани без да се обезбеди ниту елементарна конкуренција. Непосредните договори меѓу авторите и општината биле спроведувани на начин кој не овозможува никаква проверка на договорената цена. Во општината немало адекватна контрола дали авторите дали авторите ги изработиле и испорачале моделите според вид и договор за кои биле платени, што резултирало со неосновани исплати на високи парични средства. Во неколку наврати се елеминирале конкурентите на италјанските фирми Пјетро Базанти и Фернандо Маринели на кои им се даде 11 јавни набавки. Овие незаконитости резултираа со штета по буџетот на општина Центар во висина од 8 милиони евра, стои во Извештајот за ревизија на Проектот Скопје 2014. 

Кои беа најспорните зделки констатирани во извештаите?

Лавови Во пресметката на авторот Константин Јанев, покрај двата лава, тој требал да изработи и 34 метри квадратни релјефи, но од записникот за примопредавање забележало дека изработил за 5.92 м2 помала повришна. Сличен е примерот и со авторите Дарко Дуковски и Елена Дуковска, кои ги изработувале другите два лава и релјефи, па и тие предале за 5.92 м2 помала површина на релјефи. Ако се има предвид дека во нивните пресметки тие за релјефите побарале по 1.500 евра за 1 м2, тогаш само по овој основ авторите неосновано наплатиле вкупно 17.760 евра. 

Воин За објектот насловен како Воин (Филип Македонски), поточно плоштадот Карпошево востание, ревизорите утврдиле отстапување од зададената проектна програма. Предмет на конкурсот за идејно решение било скулптура на воин со фонтана, а избран бил трудот на авторот Валентина Стевановска. Но наместо една фонтана и воин, со авторот бил склучен договор за изработка на една скулптура воин, четири фонтани пропратни скулптури на војници, коњи, мајки, лавови, за што на авторот му се исплатиле 1,5 милиони евра. 

Фаворизирање на компании Една од спорните зделки што ги открила Комисијата е фаворизирањето на двете италјански компании Пјетро Базанти и Фернандо Маринели, и начинот на кој ги добивале јавните набавки. Комисијата утврдила големи разлики во понудените и прифатените цени за изработка на спомениците. За лавовите на левата страна на мостот „Гоце Делчев“, на конкурсот за јавна набавка се јавиле италијанската леарница Маринели и фирмата РЖ Институт од Скопје. Ревизорите забележале дека понудата од РЖ Институтот која била во висина од околу 7. 350 евра, е неосновано одбиена во корист на понудата на италијанската фирма која ги леела лавовите за драстично повисока сума, односно за 1 милион и 800 илјади евра. Дополинтелно ревизорите утврдиле дека италјанските компании немале банкарски гаранции и извештаји за финансиската и економската состојба на фирмите. Во извештајот се нотирани низа неправилности во однос на парите за лиење што ги наплаќале италјанските компании, а кои биле драстично повисоки од останатите понудени цени од другите фирми кои учествувале на тендерите. -Овие фирми биле фаворизирани на тендерите и речиси сите договори до 2010 година биле потпишувани со нив, а понудите на останатите фирми биле елиминирани без оправдано образложение. Италијанските фирми, пак, наплаќале и до 200 отсто повисока сума од онаа која ја предлагале другите понудувачи, изјави Малиновски 

Нерегуларности Комисија за ревизија на Скопје 2014 утврдила и кај поединачни случаји, односно автори кои вкалкулирале нереални трошоци, за кои било наплатено повеќе од предвиденото.

Скопје 2014 и во опозициските бомби СДСМ во дел од прислушуваните разговори што ги објави лани тврдеше дека сега екс премиерот Никола Груевски а тогаш од позиција на премиер бил и нарачател и архитект на проектот Скопје 2014. Во еден пд прислушуваните разговори меѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески,како што тврдеше СДСМ, се слуша како Груевски црта и прецртува балкони на барокен хотел, на база на слика од фонтана во Рим сакал да се направи идентична таква со обелиск висок 20 метри.

Колку чини изградбата на Скопје 2014? Од почетокот на реализација па до сега сумата за реализацијата на овој проект неколкукратно се зголеми. Пред шест години сега екс премиерот а тогаш од позиција на премиер Никола Груевски изјави дека изградбата ќе чини 80 милиони евра. Веднаш по победата на Жерновски на последните локални избори, поранешниот градоначалник на Центар, Тодоровиќ, министерката за култура Елизабета Канческа -Милевска и директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, пред јавноста на прес конференција излегоа со отчет за проектот “Скопје 2014”. Тогаш за прв пат јавно се обелодени дека првичните предвидени 80 милиони евра за проектот се надминати и достигнале 208 милиони евра. Тогаш министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, изјави дека цената била тројно поголема од предвиденото, поради фактот што дел од објектите воопшто не биле ставени во првичниот план, туку подоцна било решено тие да се градат. Власта тврдеше дека целиот проект е реализиран во согласност со законите. Истражувањето на БИРН покажа дека Скопје 2013 чини седум пати повеќе или 560 милиони евра. 

Т.С

Можеби ќе ве интересира

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?