29 Март, 2024
0.0259

Доста се фалевте со инвестиции,тргнете ги розевите очила, некој нема леб да јаде

Објавено во: Колумни 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

И додека денеска се изнаслушавме колку нови работни места отворила партијата на власт, колку странски инвестиции донела во Македонија, колку пари се вложени во инфраструктурата и „колку млади се вратиле дома“ ми дојде да им речам да ги тргнат розевите очила и да погледнат малку подлабоко, понавнатре во саканата ни, ама премногу жална Македонија.

За мене е жална, за вас не знам каква е. Од приказната која ќе ја слушнете па и прочитате дел од неа подолу, можеби и вие ќе мислите исто како мене. А и да не мислите сеедно.

И се додека им простуваме на политичарите за тоа што не осиромашија до коска, и што некои семејства немаат пари да му купат млеко на детето како во сторијата се дотогаш ќе страдаат најневините и оние кои ќе треба да го платат еден ден луксузот во кој некој сега слатко ужива.

Приказната која ќе ви го распарча срцето на илјада парчиња и ќе ви ги навлажни очите за семејството Симонови од Свети Николе чие бебе Лука на свет дошло пред две недели и заспива со празен стомак ја објави ТВ21.

Распукани ѕидови, распаднат покрив, од секоја страна дува промаја…во ваква состојба е куќарката која е дом на Лука и неговите родители Билјана и Оливер.

Оливер е невработен, работи сезонски, каде ќе најде. Немаат храна, ниту струја...иде зима немаат ниту дрва. Пред да си легнат навечер го молат Бога покривот да не им падне врз глава.

Државата во која „цути“ се според некој, им дава бедни 1 200 денари социјална помош. Премногу е „голема па да стигне за се“...

Општинските власти во Свети Никола им ветиле санирање на куќата но досега, како што велат Билјана и Оливер  ништо не е преземено. Од општината велат дека на семејството им е дадена првична помош од 15 илјади денари, но тоа ни приближно не е доволно за трочленото семејство. Центарот за социјални работи им понудул сместување во прифатен центар , само за мајката и бебето,  но Билјана одбила затоа што не сака бедата и безработицата да го растури семејството, а Лука да расте без татко си. 


Кога државата (читај политичарите) заборава на ваквите семејства и не и се важни сопствените граѓани или од „маглата“ во главниот град не може прст пред око да види што се случува понатака на потег се хуманите граѓани, фирмите и поголемите компании. 

П.С. После ова се надевам многумина ќе го стават прстот на чело и ќе се запрашаат: Заслужува ли некој ваков живот, „кога се има за чоколадо, а се нема пари за леб“...

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?