25 Април, 2024
0.0290

ДОСТА СЕ МАЧЕВТЕ: Еве како бесплатно да симнувате видеа од YouTube!

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Идејата на YouTube е, се разбира, да гледате клипови во самиот сајт. Но да претпоставиме дека имате причина да сакате да симнете некое видео на компјутер или телефон. Постојат доста алатки кои можете да го користите за целта, но кои се најдобрите? Одговорот ни го дава сајтот TechRadar. Важно е да се напомене дека избраните апликации се бесплатни.

За Android уреди

Експертите го препорачуваат TubeMate - една од најпопуларните алатки за симнување на видео. Лесно е за употреба, нема непотребни опции кои ќе ве збунуваат. Сепак го нема во Google Play Store, затоа прво ќе мора да дозволите Вашиот уред да презема апликации и од други места.

За уреди со iOS

Ако сте меѓу заколнатите фанови на Apple, инсталирајте ја на уредот апликацијата Documents5. Тоа е датотека менаџер кој сепак служи и за симнување на видео и ќе ви биде најзгодна.

За компјутери со Windows

Постојат десетици програми и апликации кои тврдат дека се најдобри за даунлоад на клипови. Повеќето сепак доаѓаат со непожелно инсталирање на софтвер, измамени линкови за симнување и приспособени услови за користење. За да се избегне ова, искористете го Any Video Converter Free. Ја симнувате апликацијата, ја копирате адресата на клипот , го избирате квалитетот и едноставно ја оставате да си ја заврши работата. Друг соодветен инструмент е aTube Catcher.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти