29 Март, 2024
0.0241

Доцнат субвенциите за долненските тутунари

Објавено во: Агробизнис 14 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Тутунарите од долненските села Дебреште, Лажани, Црнилиште и Житоше, сеуште не ја добиле субевнцијата од 60 денари за килограм тутун. Иако ги подмириле сите обврски кон државата, за закуп на земјиште и пашарина, веќе три месеци ја чекаат ветената премија. Тутунарите велат дека се обратиле и до ресорното министерство и до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, но конкретен одговор не добиле, иако откупот на новата реколта веќе започна. Околу 60 семејства од селото Дебрешта кои живеат од тутунот, во просек треба да добијат најмалку по 2.000 евра премија, кои им се неопходни за следната реколта. Долненските тутунари имаат предадено околу 7 милиони килограми тутун од минатогодишната реколта. Револтирани тутунарите, предупредуваат дека доколку во текот на следната недела не ги добијат парите, ќе протестираат пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.  

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи